Едноставен напиток кој ги намалува холестеролот и триглицеридите

Фото: Unsplash
985

Овој едноставен народен лек им се препорачува на луѓе кои имаат високо ниво на холестерол и триглицериди.

Доколку страдате од висок холестерол, ви предлагаме лесен напиток кој можете да го направите од многу едноставни состојки.

За овој напиток ви се потребни:

– шест лимони и

– четири корени целер.

Лимонот убаво измијте го со сода бикарбона и заедно со кората исечкајте го на коцки.

Целерот излупете го и изрендајте го. Измешајте го со лимоните и прелијте го со литар вода.

Оставете ја смесата да отстои 24 часа, а потоа процедете ја низ газа.

Лековитата лесна смеса чувајте ја во фрижидер и пијте по една ракиена чашка пред секој оброк.