Направете домашен путер!

Фото: Unsplash
321

Кога станува збор за храна, полемиките околу тоа што е здраво, а што не е, никогаш не престануваат, но сигурни сме во едно – домашното е дефинитивно, најздраво

Дебатата за тоа дали е поздрав путерот, маслото или свинската маст е постојано актуелна. Во секој случај, домашното е секогаш поздраво. Барем знаете што точно содржи во себе и што внесувате во организмот.

Состојки:

– Половина шолја млеко/вода

– Една чаша сончогледово масло (или мешавина од маслиново и сончогледово масло) или половина чаша сончогледово масло и половина чаша кокосово масло

– Една жолчка од јајце

– Една кафена лажичка сок од лимон

– Половина лажичка сол

Приготвување:

Пред да започнете со работа, подгответе миксер, два сада (поголем и помал) и мраз.

Во поголемиот сад здробете го мразот и додадете малку вода за да ја одржите температурата на нула. Во помал сад кој ќе го ставите во поголемиот со мразот додадете ги состојките на овој начин:

Загрејте ги водата (млекото) и маслото на околу 40 степени. Во помал сад ставете го маслото во кое претходно сте ја измешале жолчката и сè изматете со миксер (по можност со најголема брзина). Полека додадете го млекото/водата и сè измешајте уште околу две минути додека водата и маслото не се соединат во убава смеса. Додадете сок од лимон и сол и полека мешајте додека путерот не се згусне. Ако сакате, можете да додадете малку зачин на крајот, пр. магдонос, оригано, рузмарин или нешто слично.

Чувајте го путерот во фрижидер и употребете го во рок од три дена.