Двата вида компири имаат свои предности, а начинот на подготовка е пресуден за да бидат добри и здрави. Црвениот компир има мала предност кога е во прашање влијанието врз имунолошкиот систем, бидејќи содржи речиси двојно повеќе антиоксиданти.
Двата вида на компири се богати со јаглехидрати, специфичен вид јаглехидрати кои ги одржуваат цревата здрави. Тие исто така се богати со калиум и витамин Ц и содржат околу 150 калории, иако белиот компир во просек има малку повеќе.
Но, начинот на подготовка влијае на тоа колку оваа храна всушност ќе биде добра за здравјето. Подобро е да се јадат печени и варени компири отколку пржени.
Главната разлика помеѓу овие два вида компири е содржината на јаглехидрати. Имено, просечниот бел компир содржи 36,5 грама јаглени хидрати, а црвениот 33,9 грама.
Една од најголемите предности на црвениот и белиот компир е тоа што тие содржат вид на скроб кој е сличен на влакна. Овој тип на скроб поминува низ желудникот и тенкото црево, а потоа почнува да ферментира во дебелото црево.
Ферментацијата ги храни добрите бактерии во цревата, поради што компирот е класифициран како пробиотска храна. Овој процес помага да се размножуваат добрите бактерии, така што тие ги надминуваат лошите бактерии.
Покрај тоа што помага во контролата на шеќерот во крвта, резистентниот скроб во компирот може да ви помогне и да се чувствувате сити, да спречите запек, да го намалите лошиот холестерол и ризикот од рак на дебелото црево.
Црвениот компир има мала предност кога е во прашање влијанието врз имунолошкиот систем, бидејќи содржи речиси двојно повеќе антиоксиданти.
Накратко, двата вида имаат свои предности, а начинот на подготовка е пресуден за вашиот компир да биде добар и здрав. Многумина сакаат да прават помфрит, но ова не е најздравата опција бидејќи во тој случај компирот се пржи на многу масло, а потоа се додава и многу сол, пишува Livestrong.
Црвениот компир можеби има помалку калории и јаглехидрати, но белиот компир е подобар извор на железо и калциум.