Која е разликата помеѓу свеж и сув ѓумбир

Фото: Unsplash
437

Треба да се напомене дека постои важна разлика помеѓу употребата на свежиот и сувиот ѓумбир, па затоа ориенталната медицина препорачува свеж корен од ѓумбир за загревање на телото, потење и исфрлање на штетни материи, а сув корен против кашлица, реума и стомачни проблеми.

Ѓумбирот со векови се користи како зачин за многу јадења и има подеднакво долга традиција како помошно средство во лекувањето на многу болести. По потекло од Азија, сега се одгледува низ целата планета и најмногу се користи во Индија. Ова коренско растение содржи протеини, есенцијални масла, железо, фосфор, калциум, магнезиум, манган, фолна киселина, витамин Ц и витамин Б6, џинџерол, зингерон. Ѓумбирот е добар антиоксидант, антисептик, аналгетик, антикоагулант и неговите лековити својства се докажани со многу научни студии. Традиционалната медицина најчесто го препорачува како природен лек против разни видови воспаленија, настинки, кашлица и надуеност. Корисен е за поттикнување апетит, ја поттикнува циркулацијата и потењето, а во последно време се користи и како помошно средство за слабеење.

 

Ориенталната медицина често препорачува употреба на ѓумбир против болести на зглобовите и ревматизам. Бидејќи има аналгетско дејство, со векови се користи против болки предизвикани од камења во бубрезите, забоболки и главоболки. Кинеската медицина многу често препорачува употреба на ѓумбир во комбинација со други лековити растенија бидејќи има моќ да го забрза дејството на овие растенија.

Треба да се напомене дека постои важна разлика помеѓу свежиот и сув ѓумбир, па затоа ориенталната медицина препорачува свеж корен од ѓумбир за загревање на телото, потење и исфрлање на штетни материи, а сув корен против кашлица, реума и стомачни проблеми.

Благодарение на витаминот Б6, ѓумбирот може да ги спречи утринските мачнини.

Чајот од ѓумбир е корисен природен лек за киселини, менструални грчеви, главоболки и мигрена.

Ѓумбир и лимон против мигрена

За оние кои страдаат од мигрена, еве рецепт за чај од ѓумбир и лимон кој може да ја ублажи болката и да ја направи поретка појавата на нови напади на оваа болест. Освен што ги ублажува пулсирачките главоболки, ѓумбирот е ефикасен и во борбата против гадењето, кое обично се јавува при мигрена.

Подготовка: Една мала лажица сув ѓумбир во прав прелијте со 2,5 дцл зовриена вода. Оставете малку да се излади, додадете сок од 1/2 лимон и пијте додека е млак. Чајот од ѓумбир и лимон треба да се пие само неколку дена (3-4 пати на ден), а корисно е да се пие во периодот кога симптомите на мигрена не се изразени, за следниот напад да се одложи што е можно повеќе. .

 

Чај од ѓумбир за загревање

Чајот од свеж ѓумбир го загрева телото и го враќа чувството на топлина по долготрајно изложување на студ, при ниски температури и слично.

 

Подготовка: Едно мало парче свеж ѓумбир исечкајте го на парчиња, прелијте со 2,5 дцл вода и варете го неколку минути. Потоа процедете и испијте топол чај.

 

Облоги со ѓумбир

Компресите од ѓумбир ги прошируваат крвните садови и ја стимулираат циркулацијата, ја ублажуваат забоболката, мускулната напнатост, болката предизвикана од ревматизам, болката предизвикана од камења во бубрезите и жолчното кесе.

 

Бања со ѓумбир

Ѓумбирот е богат со магнезиум и витамин Ц, па затоа е добро природно средство за релаксација доколку се потопи во вода за капење. Две или три лажици ѓумбир во прав и топла купка ќе го опуштат нервниот систем, ќе го намалат нивото на хормоните на стресот и ќе го елиминираат заморот, а неговиот пријатен мирис ќе ве освежи.

* * *

Мерки на претпазливост: Ѓумбирот не треба да се зема на празен стомак, не се нанесува на чувствителна или оштетена кожа и не треба да се дава во високи концентрации на деца под шест години.