Велешки пишии

1.330

Нашата читателка Верче Ројдева од Велес ни испрати фотографија и рецепт за велешки пишии

Нашата читателка од Велес ни испрати многу едноставен рецепт за вкусни пишии. Ако останете без леб, еве уште повкусна и брза замена.

Состојки:

1 кг брашно

1 сув квасец

1 лажичка шеќер

1 лажичка сол

млака вода

зејтин за пржење

Приготвување:

Во длабок сад ставаме 1 кг брашно и на средина правиме дупче во кое го ставаме квасецот. Околу квасецот ги ставаме шеќерот и солта. Потоа истураме полека од млаката вода и го замесуваме тестото.

Измесеното тесто го покриваме и го оставаме да стои 15-20 минути или додека да нарасне. Потоа со рака откинуваме едно парче од тестото, го обликуваме и го пржиме во загреаниот зејтин по 2 – 3 минути од двете страни.