Интегрален леб со хељда

599

Ако не сакате да се откажете од леб, барем нека биде здрав. Направете го со интегрално брашно и збогатете го со брашно од хељда

Состојки:

100 г хељдино брашно

250 г интегрално брашно

300 мл вода

1 лажичка сув квасец

1 лажица мед

1 лажичка сол

2 лажици ладно цедено маслиново масло

Приготвување:

Ставете ги двата вида брашно во еден сад и во средината ставете го квасецот, додадете мед и млака вода. Додадете сол по страните и маслиново масло и додавајте од водата додека не добиете нелепливо тесто. Оставете го покриено на 2-3 часа. Потоа обликувајте го во саканата форма и ставете го врз хартија за печење. Засечете го по површината и печете го околу 40 минути на 200 степени. Откако ќе се испече премачкајте го со малку маслиново масло и покријте го.