Некои го започнуваат денот со чаша сок од портокал, со млеко или со обична вода. Сепак, повеќето луѓе претпочитаат да испијат шолја чај или кафе. Кој има повеќе предности?
Кафето и чајот се богати со антиоксиданти и можат да придонесат за метаболичкото здравје.
Има луѓе кои утрото го започнуваат со чаша сок од портокал, со млеко или со обична вода. Сепак, повеќето луѓе претпочитаат да испијат шолја чај или кафе.
Иако и двата пијалаци се омилени меѓу нивните консументи, се поставува прашањето кој од двата има повеќе предности?
Содржината на кофеин во различни чаеви и кафиња ќе се разликува во зависност од времето на готвење, начинот на подготовка и големината на пијалакот, пишува Mind Body Green.
Сепак, за да бидете информирани, погледнете кој од следните пијалаци содржи најмногу кофеин, а кој најмалку.
Нивоа на кофеин по една шолја од секој напиток:
Кафе – 96 милиграми кофеин
Кафе со млеко: 86,4 милиграми кофеин
Ледено кафе: 74,4 милиграми кофеин
Црн чај: 48 милиграми кофеин
Зелен чај: 28,8 милиграми кофеин
Кафе без кофеин: 0 до 15 милиграми кофеин
Билен чај: 0 милиграми кофеин
Кога ќе се споредат, очигледно е дека повеќето пијалаци од кафе содржат повеќе кофеин од чајот – дури и во случај на одредени напитоци без кофеин.
Кафето е добар извор на антиоксидантни полифеноли и кофеин, а сите тие го поддржуваат когнитивното функционирање и може да го намалат ризикот од губење на меморијата.
Покрај антиоксидантите, како што е антиинфламаторното соединение хлорогенската киселина, кафето поволно влијае и на здравјето на мозокот, црниот дроб, дијабетесот и метаболичкиот синдром.
Истражувањата покажуваат дека жените кои пијат две до три шолји кафе секој ден имаат помалку телесни масти од оние кои ретко пијат кафе.
Чајот има и многу здравствени придобивки, од смирување на мачнини до ублажување на главоболките и на тегобите со варењето.
Како кафето, така и чајот има високи антиинфламаторни својства, како што се антиоксидантите. Некои студии, исто така, ги поврзуваат соединенијата на зелениот чај со кардиоваскуларното здравје.
Поради повисокиот процент на кофеин во кафето, бремените жени или сите кои се обидуваат да го намалат внесот на кофеин би било подобро да се придржуваат кон чајот – особено билниот.