Одличен трик за перфектно исечено парче торта (ВИДЕО)

Фото: Unsplash
491

Веројатно на прославите кога доаѓа моментот на сечењето на тортата, тоа им го препуштате на постарите и поискусните за да ја исечат тортата што посовршено, без да се распадне. Со помош на овој трик секој може да биде професионалец кога е во прашање тој момент!

Сечењето торта може да биде вистински предизвик, особено во зависност од големината на тортата и декорацијата на неа. Покрај тоа, можете да направите голем хаос, иако ги користите сите потребни алатки во оваа постапка!

Но, на социјалните мрежи се појави видео кое покажува како тоа да се направи брзо и ефикасно, со минимален неред! Се што ви треба е едноставна штипка за скара!

Она што треба да направите е да ја свртите штипката наопаку и да исечете совршено парче торта со „триаголникот“! Полесно не можеше да биде, а ако се уште не ви е јасно, погледнете го видеото подолу.