Грицкајте каранфилче – спречува рак на дојка, уништува паразити, го регулира шеќерот

Фото: Unsplash
1.550

Каранфилчето е моќен лек за многу болести, особено за рак на дојка. Индија е една од земјите со најголема потрошувачка на каранфилчиња, па не случајно стапката на карцином на дојка во оваа земја е за 75 проценти пониска отколку во Европа и во САД. Каранфилчињата докажано ги убиваат и јајцата од паразити и лоши бактерии во организмот.

Сигурно веќе сте го вкусиле во топлите зимски пијалоци или во домашни слатки, како што се медењаците. Сигурно сте го пробале, барем во траги, во пастите за заби или во лосионите за тело, миризливи парфеми.

Тоа е каранфилчето, познато и под латинскиот назив Syzygium aromaticum.

На латински се вика и clavus, што значи клинец, на кој и наликува по изгледот.

Тие се едни од најпознатите зачини на светот и имаат навистина широка употреба. Но истовремено се и лековита билка со проверено дејство против воспаленија, болки, оксидации и карцином.

Лековитите својства на каранфилчето

Иако се мали, каранфилчињата се моќен лек за многу заболувања.

Главната состојка на каранфилчето е еугенол, чија главна карактеристика е антиинфламаторното дејство.

Покрај тоа, тој содржи минерали калциум, железо, магнезиум, фосфор, цинк, бакар, манган и селен. Богат е со витамини Ц, Б6, Е, К, фолна киселина, тиамин, рибофлавин и ниацин.

Конзумирањето каранфилче може да помогне при различни болести, внатрешни или надворешни. Како додаток во исхраната овој зачин може да се користи цел, мелен или концентриран како масло.

Прва помош за забоболка и лош здив

Каранфилче се користи уште од античко време за да се отстрани лошиот здив.

Откриено е дека има аналгетски својства и е особено ефикасно при забоболка.

Во некои земји, стоматолозите го користат неговото масло за да ги дезинфицираат забите пред операција, заради неговото силно антибактериско дејство.

Убива јајца од паразити и лоши бактерии

Каранфилчето делува како антимикробно средство, убивајќи паразити и бактерии во дигестивниот тракт.

Во соодветни дози, ја олеснува прекумерната надуеност и грчевите.

Антипаразитското чистење со масло од каранфилче е еден од најефикасните методи за чистење на целиот организам, поради што е една од трите состојки од добро познатата програма против паразити од д-р Хулд Кларк.

Ги убива сите микроскопски видови на протозои и јајца од паразит, кои не можат да се отстранат од телото со други средства.

Тој е ефикасен против многу видови габи, вклучувајќи ја и Кандида, како и бактерии од стрептококи, стафилококи и пневмококи.

Користете го во чај и други пијалоци, дневно, во мали дози, за да имате корисен ефект врз варењето на храната и да го зајакнете вашиот имунитет.

Раствора опасни згрутчувања на крвта

Научно е потврдено дека каранфилчето е меѓу најздравите зачини во светот поради неговите антиоксидантни својства.

Исто така, постојат докази дека одредени соединенија во каранфилчето делуваат како антихистаминици.

Тој е еден од најмоќните природни растворувачи на крвните згрутчувања.

Данските истражувачи откриле каранфилчето за растворање на згрутчувањата на крвта имаат посилен ефект од аспиринот, кој е дел од терапијата во третманот на висок крвен притисок и висок холестерол.

Го уништува ракот на дојка

Еугенолот, главното есенцијално масло во каранфилчето, убива над 91% од клетките на три видови карцином на дојка, според студијата спроведена под лабораториски услови.

Во друга студија, во која еугенолот им била даван на глувци, го забавил растот на клетките на ракот на дојка за 78 проценти за само четири недели.

Неодамнешните истражувања ја потврдија нивната моќна активност против други видови рак – на простата, белите дробови, грлото и кожата.

Индија е една од земјите со најголема потрошувачка на каранфилче, па не случајно стапката на карцином на дојка во оваа земја е за 75 проценти пониска отколку во Европа и во САД.

Каранфилчето е многу здрав додаток на балансираната исхрана заснована на органско овошје и зеленчук.

Лековито дејство на каранфилчињата

Помага за несоница

Го регулира шеќерот во крвта

Ги смирува воспаленијата

Ја ублажува болката, особено забоболката

Уништува бактерии

Елиминира гадење и повраќање

Ја поттикнува секрецијата на слуз

Помага во работата на црниот дроб

Третира воспаление на усната шуплина и грлото

Тинктура од каранфилче:

Состојки:

20 грама каранфилче

1 dcl 70-процентен алкохол

Смелете ги каранфилчињата, прелијте ги со алкохол и оставете ги во затворена тегла две недели.

Процедете ја тинктурата и земајте 2 до 4 капки, во чаша вода.

Користете ја за да ги исплакнете устата и грлото.

Руски пијалок за грип и болки во грлото

Научниците ја потврдија ефективноста на овој руски народен пијалок против настинка и болки во грлото.

Состојки:

2 дцл топла вода

1 лажичка свеж рендан рен

1 лажичка мелено каранфилче

1 лажичка мед

Во чаша топла вода измешајте ги состојките и пијте полека. Повремено мешајте за да не се слегне ренот.

Варено вино

Се варат четири длц црвено вино со два дл вода.

Додадете две каранфилчиња, парче ванила, три аниса, сушен ѓумбир (на врвот на ножот) и мед по желба.

Овој врел пијалок ќе го зајакне вашиот имунитет, ќе ви помогне при дигестивни проблеми, ќе ве заштити од грип и студ.

Тестирајте ги своите каранфилчиња

За да го проверите квалитетот на каранфилчето, ставете го во чаша вода.

Ако лебди вертикално, добро е – лебдењето е знак дека содржи квалитетни и лековити масла на кои се должат неговата ефикасност и популарност.

Ако лебди хоризонтално или тоне во чашата, тоа е знак дека не треба да го користите.

Примена во кулинарството

Покрај тоа што е неопходен зачин за популарното греано вино, каранфилчето е зачин за многу слатки и солени јадења.

Рецептоте за колачи, бисквити, пудинзи или сладок леб често содржат каранфилче во комбинација со цимет, а понекогаш и ѓумбир.

Каранфилче совршено го поврзува вкусот на јаболката и крушите, па затоа се користи при подготовка на пити и колачи направени од јаболка и круши или овошни сосови и компоти. Бидејќи неговиот вкус е многу интензивен, неопходно е постепено и внимателно да го дозирате при готвење.

Цело каранфилче се користи во супи од грашок и грав или запечен грав со чили, кадешто нивната силна, ароматична арома дава целосен вкус.

Исто така, неколку цели каранфилчиња може да се втиснат во исчистената главица кромид и да се додадат во оризот кога се динста. Каранфилчето е присутно во многу комбинации на зачини, на пример во мешавина за маринирање зеленчук или во мешавина од зачини за печење.

Најдобро е да ги купувате цели, бидејќи спакуваниот прав брзо го губи вкусот и неговите лековити својства се губат. Целите каранфилчиња се препорачува да се конзумираат во рок од една година, а оние мелените, во рок од шест месеци.

Поради неговата многу цврста структура, тешко е да се меле, па затоа се препорачува да го мелете во мелница за кафе.

Се чува во затворени садови на суво и темно место. Свежината на зачините може да се продолжи со чување во фрижидер.

Совети:

Трудниците и доилките не би смееле да користат каранфилчиња.

Каранфилчиња не смеат да се користат ниту две недели пред која и да е операција.