Јагодите што се полни со хемија и со отрови лесно ќе ги препознаете по бојата и изгледот на петелките, а една работа е клучна.
Сезоната на јагоди е во полн ек, а посебно ѝ се радуваа љубителите на ова вкусно овошје. За да ги изберете најквалитетните јагоди и оние кои се домашни, треба да знаете неколку трикови при нивното купување.
Еве како да ги разликувате домашните јагоди од оние кои се прскаат и третираат со разни пестициди.
Домашните јагоди се поздрави и посвежи, но побрзо се распаѓаат бидејќи имаат помалку пестициди. Имаат иста боја однадвор и внатре, имаат многу семки и се многу ситни. Ова ги разликува од увезените, каде што семките се помали и поретки.
Вистинските, висококвалитетни домашни јагоди се издвојуваат по својата интензивна, препознатлива арома. Никогаш не се со ист облик и големина и немаат ист вкус од сите страни, бидејќи сончевите зраци не паѓаат рамномерно врз плодот.
Познавачите велат дека треба да се внимава и на петелките – кај увезените тие се големи, со совршен облик и темно зелени, додека кај домашните се побледи бидејќи се набрани неодамна.
Со оглед на тоа што домашните јагоди побрзо ја губат свежината и стануваат меки, добро е да го знаете трикот како да ги одржувате свежи подолго време.
Добро измијте ги јагодите и ставете ги во стаклена тегла со хартиена крпа на дното. Со текот на времето, салфетката ќе го собере вишокот на влага, поради што јагодите ќе останат свежи и нема да омекнат.