Како да го користите глуварчето во исхраната?

Фото: Unsplash
526

Покрај тоа што е полнo со хранливи материи, глуварчето содржи соединенија кои можат да помогнат во спречување на здравствени проблеми.


Глуварчето е билка, а билките имаат многу здравствени и хранливи придобивки, вели диететичарката Ненси Гејб.

Покрај тоа што е полно со хранливи материи, глуварчето содржи соединенија кои можат да помогнат во спречување на здравствени проблеми, пишува Blogtuan.info.

За жал, научниците не посветуваат многу внимание на дивите растенија. Потребни се повеќе истражувања за да се потврди сѐ што може да направи глуварчето.

Кај глуварчињата е добро тоа што секој дел од растението може да се јаде. Листовите од глуварче се малку горчливи, имаат вкус сличен на рукола. Обидете се да додадете неколку свежи, измиени лисја во салатата. За да ја отстраните горчината можете и да ги зготвите, вели Гејб.

Потопете ги листовите во ладна, посолена вода 10 или 15 минути, а потоа варете ги во врела вода додека не омекнат.

Додадете малку маслиново масло, кромид или лук. Поросете со пармезан.

Сончевите цветови од глуварче им даваат боја на салатите. Користете ги свежи или сушени за да направите чај. Може да се обидете и да ги потопите во масло или оцет. Маслото од глуварче може да се користи и за да се направи мелем кој е одличен за болки во мускулите, сугерира Гејб.

Печените корени од глуварче се користат во вкусен напиток сличен на кафе.