Магарешки трн, магарешка клупа, магарешки сливи… Со 5 сливи на ден го намалувате ризикот од рак

Фото: Pixabay
743

Домашните евтини сливи ни се смешкаат од пазарските тезги од средината до крајот на летото, а полни се со витамини, минерали и други хранливи материи. А зошто се викаат магарешки? Веројатно им се омилени и на магарињата, а толку се корисни што би требало да ни станат и нам

Домашните сливи кои се едни од најевтините намирници на пазарите, ни се смешкаат од пазарските тезги речиси цело лето. А токму тие наши скромни сливи се всушност многу богат извор на витамини, минерали и други витални хранливи материи, но многумина од нас немаат навика да ги јадат свежи. Тие се одлични за одржување на добро здравје и подигнување на нивото на отпорност на многу болести на модерното време.

Еве што можат да направат само пет сливи на ден за човечкиот организам.

Нè штитат од срцеви и мозочни удари

Една свежа слива содржи во просек дури 100 мг калиум. Тоа е минерал без кој не се можни многу метаболички процеси во човечкото тело, вклучувајќи го и правилното функционирање на мозокот, срцето и мускулите. Висок крвен притисок, мозочен удар и ослабени рефлекси се само некои од последиците од недостаток на калиум, што е одамна и научно докажано.

Го намалуваат ризикот од развој на дијабетес

Слиите имаат низок гликемиски индекс, што значи дека можат да помогнат во одржување на стабилноста на нивото на шеќер во крвта и со тоа да го намалат ризикот од развој на дијабетес тип 2. Ова ќе го постигнете ако јадете сливи наместо нездрави колачи и премногу слатки плодови. .

Пет сливи на ден го намалуваат ризикот од рак

Ако редовно јадете пет сливи на ден, ќе му помогнете на вашето тело да се ослободи од негативните ефекти на слободните радикали, а со тоа да го намалите ризикот од многу дегенеративни болести, вклучувајќи и многу видови на рак, бидејќи сливите се овошје кое е многу богато со природни антиоксиданти.

Сливите се исклучително здрави за дигестивниот систем

Ако јадете најмалку пет сливи секое утро на празен стомак, имате добри шанси да го олесните варењето и да обезбедите редовно празнење на дебелото црево. Со тоа ќе го ослободите вашиот организам од влијанието на токсичнит материи, кои можате да ви нанесат многу штета, со последици што е многу тешко да се согледаат и да се набројат.

Го подобруваат здравјето на очите

Сливите се многу добри за здравјето на очите, толку многу што можеме слободно да ги ставаме во ред со боровинките. Активните супстанции познати како антоцијанозиди кои се наоѓаат во сливите, ги зајакнуваат капиларите во мрежницата, што помага да се забави дегенерацијата на жолтата дамка, која го сочинува централниот и најчувствителниот дел на мрежницата, а кај некои луѓе се јавува како резултат на стареењето. Освен тоа, како и боровинките и редовната потрошувачка на сливи може да го подобри вашиот вид во ноќни услови и да го прошири видното поле. Ова особено се однесува на модрата слива, што е исто така очигледно затоа што имс точно иста боја како и боровинката.

Сега, кога знаете што можат да направат само 5 сливи на ден за вас, потрудете се максимално да го искористите периодот додека сè уште ги има.