Вино од кантарион: Рецепт и придобивки

Фото: Pixabay
174

Покрај многуте придобивки што ги има за човечкото тело, кантарионот е познат и како антидепресив.

Жолтиот кантарион е нутритивно многу вредно растение и одличен извор на витамин Ц, каротин и разни танини. Содржи и калиум, калциум, магнезиум и железо, како и бакар и цинк.

Покрај многуте придобивки што ги има за човечкото тело, кантарионот е познат и како антидепресив. Содржи ретка комбинација на антидепресивни хемиски соединенија кои позитивно влијаат на расположението.

Кантарионот може да се користи и за правење вино.

Во тегла или шише ставете четириесет цветови од кантарион, прелијте ги со литар квалитетно вино и оставете го да отстои еден месец на топло место.

Процедете го низ чиста газа и пијте умерено, како аперитив, 1-2 чашки пред јадење. Позитивно ќе влијае и на варењето.