Ако сте купиле магдонос кој овенал затоа што не сте стасале да го потрошите, изблендирајте го, додадете маслиново масло, лимон и евентуално некое јаткасто овошје и направете вкусно песто за тестенини.
Зеленчукот, овошјето и зачинските билки брзо се расипуваат. За да го спречите ова, како и непотребното фрлање на храна, послужете се со овие трикови.
- Чувајте го зелениот лиснат зеленчук на вистинскиот начин
Најдобро е свежата храна да се јаде веднаш откако ќе ја купите. Но сите знаеме дека тоа не е секогаш можно. За да се спречи фрлањето храна, а особено расипувањето на зеленчукот како спанаќ, блитва или кељ, важно е да се чува на вистинскиот начин.
Измијте ги зелените листови, добро исушете ги па завиткајте ги во хартиена ролна и ставете ги во пластична кеса. На овој начин ќе траат подолго.
- Направете сосови од зачински билки
Ако сте купиле магдонос или некоја друга зачинска билка кои брзо ќе овенат ако не стасате да ги употребите, изблендирајте ги, додадете маслиново масло, лимон и евентуално некое јаткасто овошје и направете вкусно песто за тестенини. Можете да го чувате во стаклен сад или да го замрзнете во садови за правење мраз.
- Ставете лимон во водата
Ставете го лимонот во пластична кесичка со малку вода и чувајте го во фрижидер. Така може да трае и до еден месец.
- Замрзнете го лебот
Лебот бргу се суши, па добро е кога ќе имате вишок леб, да го замрзнете. Така во секое време ќе имате леб кој најлесно можете да го одмрзнете ако е замрзнат веќе исечен на кришки, па кога ќе го извадите, ставете ги директно во тостер.
- Зеленчукот претворете го во пире
Остатоците од тиква, морков и друг зеленчук можете да ги искористите за супа. Ставете ги во вода заедно со зачинските билки и сварете ги. Можете да ги замрзнете и да ги искористите подоцна.