Го штитат црниот дроб, го забрзуваат варењето, помагаат кај дијабетес: Едноставен рецепт за кисели краставички

Фото: Unsplash
426

Киселите краставички се една од работите кои повеќето од нас ги сакаат, првенствено заради вкусот, ама и заради здравствените придобивки

Малкумина се оние кои не сакаат кисели краставички, а тоа е добро со оглед на бројните здравствени придобивки од нив. Имено, киселите краставички содржат голема количина вода, протеини, прехранбени влакна, многу малку маснотии, а се богат извор на минерали, меѓу кои и на калиум, натриум и фосфор.

Содржат витамини како што се Ц, А, Б-6, Б-12, рибофлавин, ниацин и тиамин. Тие се и силен антиоксидант и го штитат телото од слободните радикали. Исто така, тие се и одличен пробиотик, го балансираат варењето и го забрзуваат создавањето добри бактерии кои се клучен дел од нашето здраво варење. Освен што го подобруваат варењето, киселите краставички го штитат и црниот дроб и му помагаат да ги филтрира токсините од организмот.

Спречуваат настанување на чир на желудник, помагаат и кај дијабетес. Истражувањето покажало дека киселите краставички ја стабилизираат количината на хемоглобин – протеини во црвените крвни клетки кои го пренесуваат кислородот.

Поради сето ова, имајте ги зимава на вашето мени.

Ако досега не сте пробале да ги направите сами, сега е вистинското време. Подготовката е исклучително едноставна и брза, а вкусот не се споредува со оние од продавница. По желба додадете зрна синап при полнење на теглата.

Состојки:


5 кг помали краставички
3 л вода
600 мл алкохолен оцет
150 г шеќер
100 г сол
неколку зрна црн пипер
малку свеж копар

Приготвување:

Заедно зовријте вода, оцет, шеќер и сол. Краставичките добро измијте ги и исцедете ги на крпа. Во загреани тегли ставете неколку зрна црн пипер, мало стебленце копар, синап и густо наредете ги краставичките. Прелијте ги со врелата смеса со оцет и веднаш затворете ги.

Пастеризирајте ги теглите така што ќе подготвите плитко тенџере со вода. На дното ставете крпа и наередете ги теглите, но погрижете се да не се допираат, а водата да биде најмалку ¾ од висината на теглата.

Зовријте ја водата и почекајте додека не се појават меурчиња во теглата, околу 15 минути. После тоа, оставете ги теглите со краставичките да се изладат и чувајте ги на ладно и темно место.

Забелешка: На ист начин можете да киселите и пиперки и феферони.