Знаеме дека црниот дроб е одговорен за доброто здравје и за благосостојба на организмот. Пробајте го овој едноставен рецепт за сок и консумирајте по една чаша наутро пет дена и ќе го исчистите црниот дроб, а ќе се ослободите и од вишокот килограми
За здравјето на организмот неопходен е и здрав црн дроб, бидејќи ако тој не работи „нормално“, мастите не се излачуваат од организмот, метаболизмот се забавува, а тоа доведува до прекумерна акумулација на токсини во телото.
За да ја обезбедите неопходната нега на овој најголем внатрешен орган во телото, важно е што јадете и дали се придржувате до здравиот начин на живот, кој подразбира помалку мрсна храна, шетање најмалку пола час на ден и да заборавите на пушењето и алкохолот.
А еве го и рецептот за волшебниот напиток:
Сокот од цвекло и суво грозје ќе направат чудо за вашето тело. Освен што ќе се ослободите од вишокот килограми, овој сок ќе го исчисти вашето тело од отровите и вишокот на масти.
Состојки:
2,5 чаши вода (625 мл)
Околу 300 грама свежо цвекло
65 грама суво грозје
Сок од 2 лимони
Приготвување:
Ставете ја водата да зоврие, а потоа тргнете ја од ринглата па додадете го исчистеното цвекло исечено на коцки и сувото грозје.
Покријте ја смесата и оставете ја да се олади околу 45 минути. Ставете ја во блендер и смелете.
Додадете во смесата сок од 2 лимони и измешајте.
Консумирајте го сокот во тек на пет дена и тоа во утринските часови, по една чаша дневно. Ќе ви го исчисти црниот дроб, а килограмите ќе се стопат.