Една од намирниците кои кардиологот Вилијам Дејвис препорачува да се јадат за силен имунитет и здраво срце, е месото. Секако, под месо Дејвис го подразбира она кое е одгледано на пасиштата. Особено ги препорачува внатрешните делови (изнутрици) кои содржат витамини, железо, цинк, магнезиум, селен и растворливи витамини, како и коските и кожата.
Според американскиот кардиолог Вилијам Дејвис, цревниот микробиом може да влијае на имунитетот, функцијата на мозокот и здравјето на срцето. Постојат намирници кои се добри токму за функцијата на мозокот, за варењето, а со тоа и за цревната флора.
Еве за која храна станува збор:
Месо
Кардиолог кој советува месо? Ова не се гледа често бидејќи знаеме дека исхраната базирана на овошје и зеленчук е поврзана со здравјето на срцето. Интересно е што Американското здружение за срце објави дека луѓето кои следат план на исхрана богат со овошје и зеленчук имаат подобро здравје на срцето за дури 16 проценти. Но Дејвис под месо го подразбира она месо одгледано на пасиштата и наведува дека е тоа важен дел од здравјето на нашето срце, особено внатрешните делови (изнутрици) кои содржат витамини, железо, цинк, магнезиум, селен и растворливи витамини.
Ако не можете да јадете изнутрици, тој советува да јадете месо со кожа и коски и додава дека современиот човек заборавил дека некогаш се јаделе јазикот и срцето, црниот дроб и другите делови на животното, па денес забележува (што во неговото мислење е глупава навика) дека луѓето купуваат месо без кожа и коски и забораваат колку хранливи материи има во нив, како што се колаген и хијалуронска киселина. Според овој доктор, ние всушност фрламе се што е добро за срцето и за варењето. „Зачувајте ги мастите, кожата и коските и направете супа од нив“, советува тој.
Мешунки
Полни се со растителни влакна кои ќе го намалат нивото на лошиот холестерол и на тој начин ќе го поддржат здравјето на срцето, па затоа и микробиотите во цревата ќе имаат голема корист од нив бидејќи го поттикнуваат развојот на добри бактерии. Но, кога ги нема доволно, може да се уништи слузта која делува како заштитен слој на цревата, што може да влијае на здравјето со текот на времето.
Иако влакната се додаваат на речиси секој производ што можете да го купите во маркет, најдобриот начин да ја добиете оваа хранлива материја е да јадете храна која природно е богата со влакна. За жени под 50 години се препорачуваат 25 грама влакна дневно, а за оние над 50 околу 21 грам. Влакната ги има во изобилство во овошјето, зеленчукот, целите зрна, лебот и тестенините, кафеавиот ориз, овесот и мешунките.
Етерични масла
Науката нема многу податоци за употребата на етерични масла, но во многу култури тие се користат за заштита на здравјето. Дејвис вели дека тие се добри за варењето, а има и мали студии кои покажале дека можат да бидат многу корисни за оние со неправилно варење. Тоа се маслото од нане, кое ќе ги смири пореметувањата и маслото од портокал, кое се покажало дека е добро за здравјето на желудникот и цревата.
Се разбира, пред употреба, мора внимателно да проучите како и во кои ситуации се користат и дали има некакви ограничувања. Не треба да се користи самостојно, туку разредени во вода бидејќи можат да бидат горчливи и кисели. Има и многу видови на масла кои не смеете да ги консумирате, па пред да ги користите информирајте се консултирајќи се со некој кој ја знае намената и составот на есенцијалните масла.