Ова е вашето тајно оружје против холестеролот, ракот и срцевите заболувања: Уште некои придобивки од киселата зелка

Фото: Pexels
490

Кога ќе дојде време за ручек, не се мислете, во овој период од годината најдобар избор за салата е секако – киселата зелка. Дури и ако мислите дека знаете сѐ за нејзините придобивки, имајте на ум дека е таа и вашето тајно оружје против холестеролот, ракот и срцевите заболувања

Киселата зелка, како и секоја ферментирана храна, дава бројни лековити својства и го подобрува целокупното здравје. Иако сме пишувале и претходно, еве неколку работи што можеби сепак не ги знаете за киселата зелка:

Го зајакнува имунитетот

Еден од најдобрите начини за зајакнување на вашиот имунитет е да консумирате многу витамин Ц, кој киселата зелка го има во изобилство. Исто така, го поттикнува производството на колаген и бели крвни зрнца, како и регенерацијата на клетките.

Го смирува воспалението
Содржи многу антиоксиданти кои се антиинфламаторни агенси, па нивното консумирање го спречува воспалението и ги лекува воспалените делови од телото.

Ја подобрува енергијата

Киселата зелка содржи и многу железо, па ја зголемува енергијата и го подобрува метаболизмот и циркулацијата, а спречува главоболки, анемија и исцрпеност.

Ги зајакнува коските

Киселата зелка е богата со витамин К, кој помага да се создадат протеини кои ја регулираат минерализацијата на коските и на тој начин ја спречуваат остеопорозата.

Го подобрува варењето

Големите количини на влакна помагаат во варењето на храната, поттикнуваат слабеење и го подобруваат здравјето на дигестивниот тракт.

Киселата зелка ја подобрува функцијата на цревата и спречува грчеви во стомакот, запек и надуеност. Редовното консумирање може да спречи сериозни здравствени проблеми како рак на желудникот или дебелото црево.

Го подобрува здравјето на кожата и видот

Високото ниво на витамин А во оваа храна го одржува здравјето на кожата, го подобрува видот и го намалува ризикот од катаракта и макуларна дегенерација, како и појавата на брчки и црвенило на кожата.

Спречува рак

Бројни истражувања покажаа дека киселата зелка е полна со антиоксиданти кои ја спречуваат штетата од страна на слободните радикали, кои се главната причина за развој на канцерогени клетки.