Врз основа на проучувањето на времето во кое органите се активни, нутриционистите создале општ план за исхрана.
Не е тешко да се јаде во согласност со биоритамот, а резултатот е дека ќе се чувствувате неспоредливо подобро и за кратко време ќе забележите како тежината сама по себе се намалува!
Повеќето диети се фокусираат на тоа што и колку да се јаде за да се намали телесната тежина, а притоа се занемарува периодот кога сетотоа треба да се јаде. Меѓутоа, поддржувачите на исхраната според биоритамот постапуваат поинаку: јадат сè, но во строго ограничено време.
Биолошките ритми се циклични промени во работата на организмот. Секој орган и органски систем има периоди на подеми и падови во активноста. Така, ако ја планирате исхраната во согласност со нив, десет пати подобро ќе ја сварите храната, а метаболизмот ќе ви се забрза.
За кратко време ќе забележите како вашата тежина сама се намалува.
Кога е најдобро време за јадење
Врз основа на проучувањето на времето во кое органите се активни, нутриционистите создадоа општ план за исхрана.
Од 6 до 10
Од 6 до 10 часот наутро, цревата и желудникот се максимално активни. Во тоа време најдобро е да појадувате и да земате појака храна. Додека го подготвувате оброкот, испијте чаша вода со една лажичка сок од лимон и исто толку мед. Така им помагате на панкреасот и црниот дроб да се активираат.
За појадок изберете храна богата со влакна, јаглехидрати и протеини: сирење, путер, интегрален леб, житарки со мед и овошје.
Тогаш храната целосно се апсорбира и се претвора во енергија.
Од 9 до 11 и од 11 до 13 часот
Од 9 до 11 и од 11 до 13, слезината и срцето работат напорно. Време е за ментален напор и лесна закуска.
Доволно ќе ви биде чај со грст суво овошје, јогурт со овошје или банана.
Од 13 до 15
Од 13 до 15, цревата и желудникот повторно почнуваат да работат. Во исто време, во телото има многу амилаза и протеаза – ензими кои ги разградуваат шеќерот и скробот.
Време е за активна апсорпција! За да ја одржите работната способност на исто ниво, стимулирајте го организмот со оброк (150 г) кој содржи протеини и влакна.
Од 16 до 17
Од 16 до 17, се активира системот за излачување: мочен меур, потни жлезди. Се зголемува согорувањето на мастите. Овој час поминете го без храна. Тоа е идеално време за спортување.
Не заборавајте да ја надоместите загубата на течности и да испиете најмалку две чаши вода!
Од 17 до 19
Помеѓу 17 и 19 време е за лесна вечера, за да го задоволите гладот и да се опуштите. За овој оброк најпогодни се печениот зеленчук, младото сирење и овошје.
Имајте на ум дека вечерниот оброк треба да биде половина од ручекот.
После 19 часот
Малку по 19:00 часот органите за варење забавуваат. Во тоа време, ензимите речиси воопшто не се лачат.
И затоа, за да не се чувствувате гладни кога ќе легнете, испијте една чаша кефир. После тоа, ништо друго, освен чај, не треба да се внесува во телото.
Од 20 до 21
Од 20 до 21 часот почнува да се лачи мелатонин – хормон кој го подготвува телото за сон.
Придонесете за ова: чајот без кофеин направен од камилица, маточина или мајчина душица ќе го смири вашиот нервен систем и ќе го подготви вашето тело за одмор.
Од 22 до 24
Од 22 до 24 се зголемува концентрацијата на мелатонин и хормонот за раст, кој е одговорен за растот кај децата и метаболизмот кај возрасните.
Ова е фаза на активно закрепнување и согорување на маснотии. Ако спиете во тоа време и не сте се прејале навечер, можете да изгубите до 900 kcal во текот на ноќта!
Не е тешко да се јаде во согласност со биоритамот, а резултатот не се одразува само на бројот на изгубени килограми. Ќе се чувствувате неспоредливо подобро!