Освен за готвење и за мачкање, путерот има и други намени во кујната. На пример, дали знаевте дека може да му го продолжи векот на кромидот или да го одложи расипувањето на сирењето?
Ако сакате да јадете путер и ако го имате постојано во фрижидер, треба да знаете дека можете да го користите и за нешто друго, освен за мачкање на леб и за готвење. Не е излишно да откриете неколку кулинарски трикови во кои тој игра голема улога.
Полесно сечење храна – Премачкајте го ножот со тенок слој путер и ќе биде полесно да исечете леплива храна, како што се карамел, пита или сирење.
Спречете појава на мувла – За да спречите формирање на мувла на рабовите на полу-тврдото сирење, намачкајте го со путер.
Отстранете го мирисот на риба – Откако ќе ја подготвите рибата, намачкајте ги рацете со путер и непријатниот мирис ќе исчезне.
Одржувајте го кромидот свеж – Нанесете малку путер на рабовите на исечениот кромид пред да го завиткате во алуминиумска фолија и тој ќе остане подолго свеж.
Спречете ја водата да искапе – додадете една или две лажички путер во садот со вода за да не искапе.