Сушито го препознаваме како дел од јапонската кујна, но всушност потекнува од Кина
Сушито е едно од најпопуларните и омилените јадења ширум светот, но дали знаете сè за оваа егзотична храна? Повеќето луѓе мислат дека тоа е само сирова риба завиткана во алга, но суши е главно варен ориз во комбинација со посебен слатко-кисел сос подготвен исклучиво за оваа намена.
Подолу се три помалку познати факти за суши
Не е од Јапонија
Иако е препознаено како јапонска кујна, сушито всушност потекнува од Кина и пристигнало во Јапонија дури во 8 век. Правењето суши било начин да се зачува рибата во време кога немало фрижидери, како што открил данскиот биофизичар Оле Муритсен.
Васаби често не е вистински Васаби
Малкумина не знаат за популарниот зелен сос кој се служи со суши, чиј вкус не е за секого. Но васабито што се служи во европските ресторани често не е оригиналното, туку замена направена од рен обоен зелено. Причината за тоа е високата цена на вистинското Васаби, кое доаѓа од многу редок корен.
Ѓумбир
Заедно со васаби често се служи и ѓумбир, кој не ги задоволува сечии непца. Причината за тоа е неговиот интензивен мирис, а ако се прашувате зошто воопшто доаѓа на чинијата… неговата мисија е да ги исчисти рецепторите за вкус помеѓу два вида суши оброци.