4 едноставни совети за поздрав живот

Фото: Pexels
266

Имајте богат протеински појадок, доволно сон, не ги бројте калориите и не заборавајте да ја посолите храната… Прочитајте ги наједноставните совети за поздрав живот

Здравиот живот често изгледа како недостижна цел, особено ако ги имаме на ум сите оние бројни, а многу често конфликтни информации на Интернет за тоа како да живееме поздраво.

Но не би требало да е многу комплицирано доколку се следат овие четири совети:

Започнете го денот со протеини и масти
Докажано е дека протеините ви помагаат да јадете помалку во текот на денот и да се чувствувате побалансирано и смирено. Освен тоа, жените кои денот го започнуваат со протеини се во просек до 3 килограми полесни од оние кои не го прават тоа. Додавањето маснотии ја забавува апсорпцијата на храната што сте ја изеле и го балансира нивото на шеќер во крвта, што ќе ви помогне да избегнете внесување на непотребни калории, во вид на грицки. Ако можете да издржите четири до шест часа помеѓу оброците, тоа сигурно ќе го забрза вашиот метаболизам. Клучот е да се внесува доволно од „вистинската“ храна, како што се протеините и мастите, за да се постигне ова.

Не ги бројте калориите и не гладувајте
Ограничувањето на калориите или уште полошо изгладнувањето ослободува кортизол, познат и како хормон на стрес. Откако нашето тело ќе ја искористи гликозата (шеќер во крвта), тогаш почнува да согорува чиста мускулна маса. За жал, ова ја намалува целокупната потреба на вашето тело за калории, па кога повторно ќе почнете да ги внесувате нормално, резултатот ќе биде зголемување на телесната тежина. Може да поминат денови за да ја зголемите потребата за калории, односно да го забрзате метаболизмот, а за да го забавите, доволни се само неколку дена. Ограничете го гладувањето само на ден или два.

Обидете се да спиете доволно
Некои од придобивките кои ги носи со себе ова се регулирање на хормоните, потиснување на апетитот и намалување на ризикот од воспаленија. Доволното спиење ви помага да управувате со стресот и ја ублажува депресијата; добриот сон ќе ја поттикне вашата креативност, ќе ја подобри вашата меморија и ќе го направи вашиот општ поглед на животот и настаните попозитивни. За да го постигнете ова, целосно затемнете ја спалната соба, отстранете го последниот извор на светлина најмалку 30 минути порано, вклучително и компјутерот или телефонот и обидете се да спиете седум до осум часа. Научно е докажано дека повеќе калории се трошат за време на квалитетен сон отколку при гледање телевизија.

Зголемете го внесот на минерали
На клетките на вашето тело им се потребни минерали за да постигнат оптимално здравје. За жал, со индустриски преработената кујнска сол која долго време се користи на нашите простори, дојдовме до точката солта да ни е непријател. Наместо целосно да ја елиминирате, пробајте морска или калиумова сол.