Ова се најлошите комбинации на храна: Понекогаш дури и две здрави намирници можат да доведат до тегоби ако се јадат заедно

Фото: Pexels
703

Според оваа листа од најлоши комбинации на храна, излегува дека всушност највообичаените и најомилени комбинации, се погрешни. Затоа, дајте му предност на она што ви го „зборува“ вашиот организам

Постојат голем број на намирници кои не треба да се јадат заедно поради различни причини, а некои комбинации може да бидат тешко сварливи, да ја намалат апсорпцијата на хранливи материи или да предизвикаат непријатни симптоми.

Важно е да се напомене дека некои комбинации на храна може да се разликуваат од личност до личност, па затоа, покрај овие совети, важно е да го слушате вашето тело и да избегнувате комбинации на храна поради кои се чувствувате лошо.

Следете ги правилата кога подготвувате и мешате храна. Стомакот ќе ви биде благодарен, а во исто време ќе ги искористите сите хранливи материи од храната.

Ова се најчестите примери на лоши комбинации.

Млечни производи и цитруси

Млечните производи се богати со калциум, а цитрусите се богати со витамин Ц. Меѓутоа, кога овие две намирници се комбинираат, калциумот може да ја попречи апсорпцијата на витаминот Ц, па затоа се препорачува да не ги консумирате заедно.

Белки од јајце и скроб

Белките се богати со протеини, а скробните намирници како лебот, тестенините и оризот се богати со јаглехидрати. Кога овие два вида храна ќе се спојат, варењето може да биде побавно, што може да доведе до чувство на надуеност.

Протеини и шеќери

Храната богата со протеини, како месото и рибата, не треба да се комбинира со шеќери или овошје богато со шеќер, бидејќи шеќерите брзо се варат, додека протеините бараат повеќе време за варење, па комбинацијата може да доведе до непријатни симптоми како надуеност и пречки во варењето.

Зеленчук и тестенини

Тестенините и другите скробни намирници најдобро се комбинираат со друга храна богата со скроб, како што се компири или ориз. Кога се комбинира со зеленчук, може да доведе до побавно варење на храната и чувство на надуеност.

Какао и млеко

Какаото е богато со оксална киселина, која ја блокира апсорпцијата на калциум. Во комбинација со калциум, оваа киселина придонесува за формирање на оксалатни кристали кои се премногу тешки за бубрезите. Затоа бидете внимателни, особено ако имате проблеми со бубрезите.

Салата и лимон или оцет

Мастите се потребни за правилно да се апсорбираат витамините и другите вредни хранливи материи (како што се каротеноидите) кои се наоѓаат во зеленчукот. Ако ја зачините вашата салата само со лимон или оцет, се лишувате од многу здрави елементи.

Краставици и домати

Оваа комбинација понекогаш може да предизвика дигестивни проблеми.

Тестенини со сирење и домати

Тестенините се богати со јаглехидрати, па варењето започнува веќе во устата. Од друга страна, доматите содржат киселини кои дури и во мали количини го прекинуваат овој процес. Ова доведува до нарушувања во варењето на скробот. Протеините кои се наоѓаат во сирењето исто така може да ја влошат ситуацијата.

Јајца и сланина

Оваа комбинација, која сите ја сакаат толку многу, е богата со протеини, а научниците веруваат дека тоа навистина не е добро за здравјето. Нашето тело троши многу енергија за да ја свари таквата храна. Ако јадете јајца и сланина за појадок, се лишувате од енергијата која очајно ви е потребна на почетокот на денот.

Трици и млеко

Фитинската киселина која се наоѓа во триците создава нерастворливи соединенија во комбинација со калциум и магнезиум, па овие минерали стануваат недостапни за телото. Овие киселини ги има и во пченичните снегулки и во овесната каша, но во помали количини. Затоа, овие производи не треба често да се комбинираат со млеко. Совет е да пиете млеко од час до час и половина по оброкот.

Житарици и сок од портокал

Житариците во комбинација со сок од портокал, особено наутро, нема да го донесат очекуваниот поттик на енергија, но може да доведат до непријатност и чувство на тежина во стомакот. Киселините во сокот од портокал драстично ја намалуваат активноста на ензимот одговорен за разградување на јаглехидратите. Од истата причина, не се препорачува комбинирање на житарки со друго кисело овошје или бобинки.

Пица и сок

Комбинацијата на јаглехидрати, протеини и скроб троши многу енергија за варење. Од друга страна, шеќерот во сокот го успорува тој процес. Ова резултира со чувство на тежина во стомакот и надуеност. Освен тоа, шеќерот не може да стигне до цревата бидејќи стомакот ви е полн.

Пченичен леб и џем

Рафинирано пченично брашно во комбинација со слатко е двојна доза на јаглени хидрати кои предизвикуваат наплив на гликоза. Ќе обезбеди налет на енергија за кратко време, проследено со исцрпеност и лошо расположение. Друг аргумент против оваа комбинација е непријатноста во цревата предизвикана од комбинацијата на квасец и шеќер. Обично не се препорачува да се јаде леб со џем на празен стомак.

Текстот е од ТУКА.