Зошто кето диетата е рангирана како една од најнездравите според мислењето на експертите?

Фото: Unsplash
197

Врз основа на она што го знаеме за оваа диета, за храната што се препорачува и за онаа што е ограничена, претпоставуваме дека овој тип на исхрана го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести“, вели професор Кристина Петерсен, нутриционистка од Универзитетот во Тексас.

Нутриционистите објаснуваат зошто треба да бидете внимателни и во краен случај, да побарате мислење од својот лекар пред да започнете со кето диета.
Менито на оваа диета е исклучително привлечно – ве поттикнува да јадете вкусна храна богата со маснотии како тврдо сирење, путер, сланина, стек, па дури и хамбургер без печиво и тоа во големи количини. Клучот е многу низок внес на јаглени хидрати и висок внес на масти, така што вашето тело е принудено да ги согорува складираните масти како гориво – наместо јаглехидрати.

Но, дали кетото е добро за вас? Според извештајот на Американското здружение за срце (АХА) и не е баш здраво. Всушност, кетото е рангирана како една од најнездравите диети. Во споменатиот извештај десетина начини на исхрана се поделени на четири нивоа, а кетото е распоредено во четвртото и најниско.
Зошто? Затоа што го ограничува внесот на намирници кои се сметаат за есенцијални ако сакате срцето да ви биде здраво и наместо тоа промовира високо заситени извори на масти кои не се препорачливи.

Основи на кето диетата
Согорувањето на мастите се смета за идеален начин за слабеење. Основата на кетото вклучува консумирање помалку од 10 проценти од калориите од јаглехидрати и повеќе од 70 проценти од калориите од масти, вели професор Кристина Петерсен, нутриционистка од Универзитетот во Тексас. Тоа значи дека генерално, се консумира многу храна од животинско потекло и малку растителни производи.

„За телото да функционира нормално, треба да користи гликоза или јаглехидрати како главен извор на енергија“, вели Петерсен. „Кога ќе одлучите да одите на кето диета и ќе го ограничите внесот на јаглени хидрати, телото се прилагодува, па телото ги користи мастите што ги внесувате во него за енергија. Проблемот е што не сите клетки можат да ги користат мастите за производство на енергија, поради што се формираат кетони“.

„Слабеењето е најчеста причина зошто луѓето избираат кето диета“, вели проф. Маја Вадивелу, нутриционистка од Универзитетот во Род Ајленд. Од психолошка гледна точка, на луѓето кои се обидуваат брзо да ослабат попривлечни им се строгите диети, кои целосно го отфрлаат внесувањето на цели групи на храна наместо да се фокусираат на сложените јаглени хидрати и големината на порциите, објаснува таа. Бидејќи овие ограничувања се многу корисни кога треба да изгубите тежина на краток рок, но она што повеќето луѓе не го знаат е дека на овој начин килограмите полесно се враќаат – затоа што не можете да ги следите овие правила на долг рок. .

Како кето диетата доведува до губење на тежината?
Телото складира одредена количина на протеини, масти и јаглехидрати, кои ги користи како гориво за време на постот. Таа рамнотежа се обновува секогаш кога јадете, но кога ќе се потрошат складираните јаглехидрати – кои се неопходни за нормална функција на мозокот, телото ги користи мастите за создавање кетони, како сакан извор на енергија.

Кетоните се хемикалии кои телото ги произведува кога почнува да ги разградува мастите за енергија. Кога ќе се појават, телото оди во метаболичка состојба наречена кетоза. Луѓето тогаш обично се летаргични, имаат сува уста или се чувствуваат лошо – симптоми на кетоза наречени „кето грип“. Но, откако вашето тело ќе се прилагоди, овие симптоми исчезнуваат во повеќето случаи.

За да може организмот да остане во кетоза, внесот на јаглехидрати мора да биде на 10 проценти, што значи дека сте ограничени при изборот на голем број намирници. Зрна, овошје, зеленчук без скроб, многу млечни производи, па дури и одредени јаткасти плодови содржат јаглехидрати и затоа не се консумираат во големи количини. Јадењето големи количини на млечни производи и помасните парчиња месо е вообичаено за да се постигнат овие нутритивни цели.

Поздрав начин е да изберете масти од растителни извори, како што се авокадо, јаткасти плодови и мрсна риба наместо масното месо. Сепак, не е возможно да се балансира до тој степен бидејќи многу од овие извори содржат и јаглехидрати.

Дали е ова најлошата популарна диета?
Дури и ако можете оптимално да управувате со кетото, сепак ќе пропуштите да консумирате поздрави опции и влакна од цели зрна, овошје и зеленчук.

Резултатите од долгорочните студии кои ги откриваат здравствените импликации на луѓето кои следат кето диета сè уште не се достапни.

„Врз основа на она што го знаеме за оваа диета, за храната што се препорачува и за онаа што е ограничена, претпоставуваме дека овој тип на исхрана го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести“, вели Петерсен. „Исто така, врз основа на краткорочни студии на луѓе на кето диета, знаеме дека тие имаат покачено ниво на холестерол во крвта, што е клучен фактор на ризик.

Според Петерсен, интегралните житарки го намалуваат нивото на холестерол во крвта, а овошјето и зеленчукот се добри за крвниот притисок. Сите овие намирници се поврзани со помал ризик од кардиоваскуларни болести.

„Покрај тоа, би рекол дека ако луѓето не консумираат дел од зеленчукот без скроб, тие исто така не консумираат соодветни количини влакна, што ги зголемува различните ризици од рак, но исто така ги намалува позитивните ефекти врз правилното управување со холестеролот“, вели Вадивелу.

Дали кетото е добро за луѓето со дијабетес?
Сертифицираната нутриционистка Маја Фелер вели дека многу од нејзините клиенти сакаат да се префрлат на кето за брзо губење на тежината и затоа што веруваат дека нивниот хемоглобин A1C – тест на крвта што го мери просечното ниво на шеќер во крвта – ќе се намали, што може да биде корисно за оние со преддијабетес или дијабетес. Проблем е што кетото го зголемува ЛДЛ, или липопротеинскиот холестерол со ниска густина, што го зголемува ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар.

„Ако имате некој што има дијабетес, мораме да размислиме за целата негова васкулатура, и затоа не сакам да препорачам нешто што е штетно на долг рок и што може да поттикне создавање наслаги, што секако ќе влијае на нивниот ендокрин систем“, вели таа.

Што нè доведува до прашањето – кој има корист од оваа диета?

Што се однесува до експертите, одговорот е никој. Петерсонова вели дека кога ќе ги погледнете упатствата засновани на докази, кетото не изгледа како препорака за лекување на која било болест, освен за луѓе со епилепсија кои не реагираат на достапните терапии (што беше првичната цел на диетата).

Класичната кето диета не се препорачува за луѓе со дијабетес, иако консумираат помалку јаглени хидрати. Подобра опција е внес помеѓу 20 и 40 проценти од вашите калории од јаглехидрати за да помогнете во управувањето со гликозата во крвта, наспроти 10 проценти препорачани од кето диетата.

Фелер смета дека вистинскиот предизвик е што нивото на нутриционистичка писменост е прилично ниско кога станува збор за просечен човек. Луѓето навистина не знаат што се протеини, масти или јаглехидрати и како да ги консумираат на начини кои би биле од корист за нивните индивидуални потреби. Можеби дури и не разбираат дека не се сите јаглехидрати исти или дека можат да бидат корисни.

Извештајот на АХА појаснува дека постојат поздрави и помалку здрави начини за следење на сите популарни обрасци на исхрана и дека дезинформациите во исхраната, погрешното нагласување или преголемото поедноставување може да доведат до модели кои не се корисни.

Конечниот заклучок на експертите за исхрана е дека ако размислувате за кето диета, дефинитивно прво треба да се консултирате со вашиот лекар.

Текстот е од ТУКА.