Создавањето целулит е последица од повеќе фактори и вклучува комбинација од генетика, хормонални промени, исхрана, начин на живот и други фактори.
Целулитот е состојба на кожата која се карактеризира со присуство на нерамнини, вдлабнатини и грутчиња, особено на бутовите, задникот и стомакот.
Станува збор за вид на масно ткиво кое се наоѓа под површината на кожата и дава изглед на „кора од портокал“. Создавањето целулит е последица од повеќе фактори и вклучува комбинација од генетика, хормонални промени, исхрана, начин на живот и други фактори. Главните причини вклучуваат акумулација на масни клетки под кожата, слабеење на сврзното ткиво што го опкружува масното ткиво, намалена циркулација и зголемено задржување на течности.
Иако целулитот не може целосно да се отстрани, постојат различни методи за намалување на видливоста на целулитот и подобрување на изгледот на кожата, како што се вежбање, здрава исхрана, хидратација, масажа, козметички третмани итн.
Овој напиток ќе делува брзо и ќе ви помогне да ја намалите видливоста на „кората од портокал“. Антицелулитниот шејк треба да го пиете секое утро, наместо вообичаениот појадок, неколку дена. Напитокот ќе ви даде енергија, ќе го прочисти вашето тело, ќе го ослободи од вишокот вода и ќе ги ублажи „дупчињата“ на нозете.
Потребните состојки за овој навистина магичен напиток се: вода, грст спанаќ, половина банана, половина портокал, неколку тркалца ананас, малку цимет.
Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете напиток.
Корисни состојки
Спанаќот е одличен извор на железо и влакна. Го подобрува варењето и на тој начин помага да се отстранат штетните материи од телото.
Портокалите се богати со вода, витамин Ц, влакна и антиоксиданти и се добри за сјајна кожа.
Ананасот има диуретични својства, помага во борбата против задржувањето на течности во телото и содржи антиоксиданти кои ја прават кожата здрава и затегната.
Бананите се полни со калиум и се добар извор на витамин Б6, диетални влакна, витамин Ц и манган. Помага и против задржување на течности во телото.
Циметот ја поттикнува циркулацијата, а целулитот најчесто се јавува токму поради проблеми со циркулацијата.