Лек за срцето по рецепт стар 800 години!

Фото: Pexels
305

Се користи кога чувствувате какви било срцеви тегоби како што се треперење, прескокнување или поради стрес, а исто така се покажало дека е корисно и при ангина пекторис.

Креатор на познатиот рецепт е игуманијата Хилдегард фон Бинген, која живеела пред осумстотини години, а нејзиниот рецепт го презеле дури и лекарите. Рецептот подоцна го пренела познатата билкарка Марија Требем, авторка на книгата Здравје од Божјата аптека.

Природниот лек за срцето се покажал корисен за срцева слабост, но и за посериозни срцеви заболувања. Се користи кога чувствувате какви било срцеви тегоби како што се треперење, прескокнување или поради стрес, а исто така се покажало дека е корисно и при ангина пекторис.

Состојки за рецептот: 10 свежи стебленца магдонос (без корен), литар домашно црвено или бело вино, две лажици вински оцет и 300 гр природен мед.

Приготвување:

Во литар чисто природно вино ставете десет свежи стебленца магдонос заедно со листовите и додадете 1-2 големи лажици вински оцет. Гответе 10 минути на тивок оган. Потоа додадете 300 грама мед и оставете го тивко да се вари уште 4 минути. Топлото вино процедете го и ставете го уште топло во шишиња, кои претходно ќе ги измиете со силен алкохол. Добро затворете. Талогот што се создава не е штетен и може слободно да се пие.

Употреба: Напитокот се користи секојдневно, по супена лажица додека не престанат болките. За посериозни болести треба да се користи подолг временски период.