Со најновото истражување беше откриен уште еден проблем поврзан со здравјето и покажа дека секојдневното консумирање на слатки пијалаци може да предизвика проблеми со црниот дроб кај постарите жени.
Засладените пијалаци генерално се сметаат за лоши за здравјето поради неколку причини поради нивната висока содржина на шеќер и недостаток на хранливи материи.
Слатките пијалаци, како што се газираните сокови, овошните сокови, енергетските пијалаци и засладените чаеви и кафиња, содржат значителна количина на додадени шеќери. Прекумерното консумирање шеќер е поврзано со голем број здравствени проблеми, вклучувајќи дебелина, дијабетес тип 2, кардиоваскуларни болести и расипување на забите.
Течните калории од зашеќерените пијалаци честопати не се задоволувачки како калориите од цврстата храна, предизвикувајќи луѓето да консумираат повеќе вкупни калории без да се чувствуваат сити, што може да придонесе за прејадување. Зашеќерените пијалаци често се нарекуваат „празни калории“, бидејќи обезбедуваат енергија во форма на шеќер, но немаат есенцијални хранливи материи како што се витамини, минерали и влакна кои се неопходни за целокупното здравје.
Високата содржина на шеќер во зашеќерените пијалаци може да ги активира и центрите за наградување во мозокот, што доведува до потенцијален циклус на зависност и желба за повеќе слатка храна и пијалаци.
Но, уште еден проблем поврзан со здравјето беше откриен со најновото истражување, кое покажа дека секојдневното консумирање на слатки пијалаци може да предизвика проблеми со црниот дроб кај постарите жени.
Жените кои пиеле барем еден пијалак засладен со шеќер дневно, имале 1,75 пати поголеми шанси да добијат рак на црниот дроб
Истражувањето траело 21 година
Новото истражување објавено од JAMA идентификуваше можна врска помеѓу жените во постменопауза, на возраст од 50-79 години и здравствените ризици поврзани со конзумирањето на пијалаци засладени со шеќер. Истражувањето било спроведено на 98.786 жени.
За време на студијата, испитаничките пријавиле колку често консумираат засладени безалкохолни пијалаци и овошни пијалаци на скала од „никогаш или помалку од еднаш месечно“ до „шест или повеќе дневно“. Истражувачите, исто така, го разгледале бројот на жени на кои им бил дијагностициран рак на црниот дроб или починале од хронично заболување на црниот дроб за време на периодот на студијата, кој траел во просек речиси 21 година.
Откриено е дека жените кои пијат барем еден пијалак засладен со шеќер дневно имаат 1,75 пати поголема веројатност да добијат рак на црниот дроб во споредба со оние кои консумираат три или помалку пијалаци засладени со шеќер месечно.
Оние кои секојдневно пиеле засладени пијалаци имале речиси 2,5 пати поголеми шанси да умрат од хронично заболување на црниот дроб.
Авторите забележуваат дека студијата била набљудувачка, не можела да заклучи причина и последица и се потпирала на самопријавени одговори за внесот, содржината на шеќер и исходите. Потребни се повеќе студии за да се потврди оваа поврзаност со ризикот и да се утврди зошто се чини дека засладените пијалаци го зголемуваат ризикот од рак и болести на црниот дроб.
Како да се намали внесот на засладени пијалаци?
Еве неколку стратегии кои ќе ви помогнат да ги намалите пијалаците со шеќер:
пијте повеќе вода
изберете незасладени пијалаци – како обична вода, газирана вода, билни чаеви и црно кафе; можете исто така да ја ароматизирате водата со парчиња цитрусно овошје, бобинки или краставица за дополнителен вкус
читајте етикети – проверете ги информациите на етикетите на пијалаците за да дознаете дали содржат додадени шеќери; изберете пијалаци со малку или без додаден шеќер
постепено намалувајте ја потрошувачката – ако сте навикнати редовно да консумирате слатки пијалаци, размислете за постепено намалување на внесот
избегнувајте енергетски пијалаци и засладено кафе – енергетските пијалаци и засладените кафиња често содржат значителна количина на додадени шеќери; изберете незасладено кафе или чај и земете ги предвид природните извори на енергија, како што се урамнотежена исхрана и доволно сон.