Филот за торта ви излезе редок? Еве како да го згуснете без да го промените вкусот

Фото: Pexels
329

Да, да, не е убаво кога ќе видите дека филот за тортата (или колачите) не ви е доволно густ, но без нервози, има решение

Дури и на искусните домаќинки може да им се случи филот за торта и колачи да им излезе поредок отколку што треба, но и за тоа има едноставно решение.

Сѐ што ви треба е густин кој лесно ќе го згусне филот без да му го промени вкусот.

Може да додадете и брашно ако немате густин, но треба да додадете повеќе брашно, па тоа може да го промени вкусот на филот. Измешајте еднакви количини густин и ладна вода и мешајте додека не исчезнат грутчињата.

Загрејте го филот за колачиња на средно-висока температура, а потоа постепено додавајте ја смесата од густин и вода. Додадете го филот во смесата со постојано мешање додека не ја добиете саканата густина.

Внимавајте филот да не се превари, бидејќи густинот или брашното по подолго или загревање на висока температура може да има спротивен ефект и наместо да го згусне ќе го разреди филот.