Крофни од јаболки што направија бум на Инстаграм (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм
2.731

Едноставни, вкусни, збогатени со мирис на домашна пекара – ова се зборовите кои најдобро ги опишуваат ’крофните’ од јаболка кои станаа вирален хит на интернет. Иако не се крофни во вистинската смисла на зборот, ова е неверојатно едноставен, креативен рецепт кој комбинира сочни јаболка и крцкаво лиснато тесто, создавајќи совршено задоволство за сите љубители на десерти од јаболка.

Она што е особено привлечно за овој рецепт кој бргу стана вирален на социјалните мрежи, е брзината на подготовката, поради што толку многу луѓе побрзаа да го испробаат. За само неколку минути можете да ги исечете јаболката, да го обликувате тестото и да ги направите овие крофни за печење, а резултатот е вкусно уживање кое ќе ги воодушеви сите ваши гости. Затоа овој рецепт е совршено решение за оние моменти кога немаме премногу време, и кога сакаме да послужиме вкусен десерт. Иако едноставноста на подготовката веројатно ќе ве поттикне да го пробате, сосема сме сигурни дека ова ќе стане омилено уживање меѓу вашите пријатели и семејството. Најдете го рецептот подолу:

Состојки:

2 јаболка
1 правоаголно лиснато тесто
50 гр кафеав шеќер (приближно)
1-2 лажички цимет
Половина лажичка сол
Млеко или растителен напиток за натопување на крофните

Приготвување:

Прво излупете ги јаболката и исечете ги на тенки кришки со дупче во средината. Потоа развлечете го лиснатото тесто на работната површина и исечете го на ленти широк околу 2-3 сантиметри. Секое парче јаболко замотајте го со лента тесто, потопете го во млеко или растителен напиток по ваш избор и поросете го со кафеав шеќер, цимет и малку сол за дополнителен вкус.
Ставете ги „крофните“ на плех и печете ги во загреана рерна на 180ºC околу 20-25 минути или додека не поруменат. Препорачуваме да ги послужите со топка сладолед од ванила!