Доколку не јадете храна од животинско потекло, можете да направите вкусна алтернатива од зеленчук. Користете ја зелената леќа како главен извор на протеини и комбинирајте ја со сочни печурки.
Рагу е вкусен и густ италијански сос кој традиционално се подготвува од месо, доматен концентрат, кромид и црвено вино, а најчесто се служи со варени тестенини. Нешто како гулаш. Но, можете да направите исто така вкусна алтернатива од зеленчук. Користете ја зелената леќа како главен извор на протеини и комбинирајте ја со сочни печурки.
Еве како се прави тоа.
За да зготвите зелена леќа, ќе ви требаат помеѓу 30 и 40 минути. Ако сакате да го забрзате целиот процес на подготовка – користете веќе сварена конзервирана леќа.
Состојки за рагу од печурки и леќа:
500 мл црвено вино
500 мл обична вода
450 гр печурки
300 гр варена леќа
2 лажици доматен концентрат
2 лажици пченкарен скроб
2-3 чешниња лук
1 кромид
1 коцка зеленчук
1 лажица соја сос
1 лажица сечкан свеж рузмарин
1 лажичка сува мајчина душица
растително масло
сол и пипер по желба
Приготвување:
Исчистете ги печурките и исечете ги на парчиња.
Во тава загрејте малку масло и на неа пропржете ги печурките. Пржете ги додека не добијат златно кафена боја. Ова ќе ви одземе помеѓу пет и десет минути, во зависност од тоа колку течност има во нив.
Додадете го исечканиот кромид и пржете неколку минути додека кромидот не омекне. Зачинете со рузмарин и сува мајчина душица.
Додадете го сечканиот лук и пржете го со кромидот и печурките околу половина минута.
Додадете го концентратот од домати, добро измешајте го со зеленчукот и пржете сè заедно минута или две.
Покријте го зеленчукот со црвено вино и сè заедно варете на ниска температура додека количината на виното не се намали за половина.
Растопете ја коцката зеленчук во топла вода, додадете соја сос и пченкарен скроб. Мешајте додека не добиете мазна смеса без грутки.
Со смесата прелијте го зеленчукот, намалете ја температурата и варете околу три до четири минути, додека сосот не се згусне.
Додадете ја сварената конзервирана леќа на крајот од готвењето и добро измешајте.
Послужете рагу од печурки и леќа со варени широки тестенини.