Магичен трик кој ја неутрализира миризбата на динстаниот кромид – евтино и лесно

Фото: Freepik
223

Виновникот за непријатните мириси е ослободувањето на сулфур од кромидот при термичка обработка.
Сепак, можно е да се избегне и оваа замка, и да се подготви вкусно зготвено јадење, без воздухот во кујната да добие непријатен мирис.

Многумина од нас се откажуваат од готвењето при самата помисла да динстаат кромид бидејќи мирисот на кромидот многу тешко се неутрализира, а особено е непријатен во текот на зимата кога не можеме да ги држиме отворени прозорците и вратите.

Мирисот на динстаниот кромид се вовлекува секаде, од облека до коса.

Виновникот за непријатните мириси е ослободувањето на сулфур од кромидот при термичка обработка.

Сепак, можно е да се избегне и оваа замка, и да се подготви вкусно зготвено јадење, без воздухот во кујната да добие непријатен мирис.

Трикот е во додавањето една едноставна состојка која повеќето од нас ја имаат во кујната, а тоа е сода бикарбона.

Кога ќе го исечкате кромидот и ќе го ставите во тавче со загреано масло, задолжително додадете една лажичка сода бикарбона.

Ако количината на кромид е поголема од половина килограм, додадете полна лажица и оставете го кромидот да се динста како и обично.

Освен што нема да шири непријатен мирис, кромидот ќе се згусне и ќе биде полесен за варење. Исто така, ако јадењето што го подготвувате со динстаниот кромид бара правење запршка, можете слободно да ја прескокнете – кромидот со сода ќе му ја даде на јадењето потребната густина.

Овој трик го користат готвачите во големите ресторани и хотели.