Смеса која ги зајакнува коските и зглобовите: Природно решение за болни и отечени нозе од само неколку состојки

Фото: Pexels
846

Многу луѓе чувствуваат болка во зглобовите и коските, а ова е одлично природно решение кое ја смирува непријатноста.

Болката во зглобовите е веќе честа појава кај возрасните и може да биде иритирачка.

Покрај тоа што генетската предиспозиција е причина за болки во зглобовите, постојат и други фактори како воспаление, работа која постојано ги оптоварува зглобовите, повреди, дебелина, стареење…

Исто така, главни причинители за болки во зглобовите се ревматските и дегенеративните заболувања.

Како да го препознаете споменатиот проблем:

Едвај одите

Имате отечени и црвени зглобови
Чувствувате вкочанетост, слабост, болка при одење

Имате чувство на голем замор по оптоварување

Она што може да ви помогне е сигурно овој природен лек.

Ова не е било каков лек од аптека, туку интересна смеса која е здрава и без несакани ефекти.

Природен препарат богат со калциум.

Потребни состојки:

Станува збор за – мед со семки.

Во смесата се користат сусам, ленено семе, семки од тиква и сирови семки од сончоглед.
На 200 грама мед се додаваат две лажици мелени семки.

„Секогаш е подобро да се прават помали количини и да се користи свеж препарат бидејќи семките може да се расипат, а медот овде има улога на еден вид конзерванс“.

Приготвување:
Ставете ги семките во блендер, смелете ги и додадете го медот.

Добиената смеса чувајте ја во тегла, во фрижидер.

Начин на употреба:

Јадете по две лажици дневно на следниов начин: едната пред појадок, а другата пред ручек. Многу брзо треба да видите подобрување.

Се препорачува за сите жени над 60 години, а за оние кои имаат предиспозиција за остеопороза, овој мед дефинитивно треба да биде нешто со што ќе го почнат и ќе го завршат денот.

Ако некое лице има дијабетес, може да користи јогурт наместо мед, но тогаш треба задолжително да се чува во фрижидер..

Ако вашите зглобови се болни и отечени, видливо црвени или топли на допир, мора да посетите лекар.

Исто така, важно е да се напомене дека не секоја болка во зглобовите е иста и затоа не се применува истата терапија.