Рецептот за овој лесен десерт не може да биде поедноставен и е совршен за оние кои не јадат млеко и јајца, но и за сите други.
Овој рецепт за сладолед ни доаѓа од Јутјуб каналот Schnelle Rezepte и е направен исклучиво од овошје, без шеќер, млеко или јајца.
Рецептот за овој лесен десерт не може да биде поедноставен и е совршен за оние кои не јадат млеко и јајца, но и за сите други.
Состојки за 3 различни порции:
3 замрзнати банани
неколку замрзнати малини
неколку замрзнати боровинки
2 лажици какао
Приготвување:
За 3 порции треба да исечкате 3 замрзнати банани.
За првата порција ставете 1 замрзната банана и неколку замрзнати малини во блендер и убаво изблендирајте. Префрлете ги во сад и украсете со малини.
За втората порција, изблендирајте 1 замрзната банана со неколку замрзнати боровинки. Префрлете сѐ во друг сад и украсете со неколку боровинки.
За третата порција изблендирајте 1 замрзната банана со две лажици какао. Префрлете ги во трет сад и декорирајте со чоколадо.