Едноставен и вкусен рецепт со зелка!
Ова е еден од најлесните рецепти кој е толку вкусен што веројатно ќе го правите секој викенд!
Состојки:
1 главица зелка со средна големина
50 мл маслиново масло
1 лажичка сол
Мелен црн пипер (по вкус)
Црвен пипер (по вкус)
Италијанска мешавина од зачини (по вкус)
2 чешниња лук
Чили пиперче сечкано (по вкус)
80 г рендан кашкавал
Приготвување:
Исечете ја зелката на големи кришки и наредете ги во тепсија за печење.
Измешјате ги зачините во маслото и додадете ги згмечените чешниња лук и чили, па со мешавината премачкајте ги „шницлите“ од зелка.
Ставете ги во рерна загреана на 180 степени и печете ги околу 30-40 минути, додека да омекнат, па поросете ги со ренданиот кашкавал и вратете ги во рерна да се растопи кашкавалот.