Пиењето од пластични шишиња може да го зголеми крвниот притисок?

Фото: Pexels
243

Пиењето од пластични шишиња може да го зголеми крвниот притисок како резултат на микропластиката што влегува во крвотокот, покажува студијата.

Во новата студија, објавена во списанието Microplastics, истражувачите побарале од осум мажи и жени да пијат вода од чешма и им било кажано да избегнуваат пијалаци од пластични или стаклени шишиња.

Биле направени неколку мерења на крвниот притисок на почетокот и за време на студијата. Резултатите покажале статистички значаен пад на дијастолниот крвен притисок – притисокот во артериите кога срцето мирува помеѓу отчукувањата – по две недели.

„Заклучивме, по опсежно истражување, дека треба да се избегнуваат пијалаци спакувани во пластични шишиња“, велат истражувачите од Катедрата за медицина на Приватниот универзитет Дунав во Австрија.

„Резултатите од студијата сугерираат, за прв пат, дека намалувањето на употребата на пластика може потенцијално да го намали крвниот притисок, веројатно поради намалениот волумен на пластични честички во крвотокот. Промените што ги забележавме во крвниот притисок сугерираат дека намалувањето на внесот на пластичните честички би можело да го намалат ризикот од кардиоваскуларни болести“, додаваат тие.

Истражувањата покажуваат дека микропластиката – микроскопски фрагменти кои се резултат на деградација на пластиката предизвикана од УВ или резултат од удар на шишето – се сеприсутни.

Микропластика е пронајдена во плунката, ткивото на срцето, црниот дроб, бубрезите, тестисите и плацентата. Неколку студии открија високи концентрации во водата во пластични шишиња.

Според други истражувања, микропластика е пронајдена и во течности во стаклени шишиња, а експертите велат дека повисокиот крвен притисок може да доведе до зголемен ризик од срцеви заболувања.