Малиџано на грчки начин

6.682

Овој грчки рецепт за салата од модри патлиџани е од нашиот читател Тео Геракакис

Состојки:

2 модри патлиџани се печат

лук по вкус (колку повеќе толку подобро)

маслиново масло (да, да, знаеме дека е скапо, ама во оваа салата треба да се стави малку повеќе бидејќи модрите патлиџани го впиваат)

Оцет и сол по вкус

Свеж магдонос (една рака сечкан)

Приготвување:
Модрите патлиџани се печат, а потоа се лупи кората и целата смеса се пасира рачно, но многу енергично.
Се додава сечкан лук (количина според желба) и една рака сечкан магдонос.
Се зачинува со поголема количина маслиново масло (бидејќи модриот патлиџан го апсорбира маслиновото масло).
Се додаваат оцет и сол по вкус.
Целата смеса се меша да стане компактна и мазна.
Наздравје!