Домашен сок за здрав црн дроб: Цвеклото, морковот и ѓумбирот штитат од фиброза и стеатоза
Црниот дроб е најголемата жлезда и вториот по големина орган во човечкото тело, поради што треба да се заштити за да се спречи оштетување или откажување на органите.
Домашниот природен сок од цвекло, моркови и ѓумбир е пијалак кој лесно се прави и е многу ефикасен со оглед на тоа од кои плодови се прави.
Познати се лековитите својства на цвеклото, морковот и ѓумбирот, а кога ќе се спојат хранливите состојки на сите три заедно, се добива напиток кој во народната медицина се смета за лековит и за чувар на доброто здравје.
Кои се 3-те главни состојки од кои се прави домашниот сок?
Моркови
Морковите содржат витамини А, Б, Ц, Е и К, минерали како што се калциум, магнезиум, калиум и селен.
Најголемо количество корисни својства се наоѓаат во надворешните слоеви на овошјето, а доколку консумираме од 50 до 100 грама од овој зеленчук дневно, можеме да спречиме авитаминоза. Морковите се богати со бета-каротин, растителен пигмент каротеноид, претходник на витаминот А, кој се претвора во витамин А во тенкото црево, а потоа се складира во црниот дроб, од каде постепено се ослободува во зависност од потребите на телото.
Морковот е традиционално познат како „храна за вид“, го стимулира зајакнувањето на имунитетот и ја подобрува функцијата на цревата.
Исклучително е корисен и за респираторни проблеми бидејќи помага при настинки, кашлица, бронхитис и астма.
Цвекло
Цвеклото е богато со витамини А, Ц и Б, содржи моќни минерали – железо, магнезиум, калиум, калциум, јод, бакар, флуор, а исто така е ризница на витамини Б1, Б2, витамин Ц.
Се верува дека може да го регулира крвниот притисок, дека го чисти црниот дроб, лекува некои форми на анемија, не загрева одвнатре во студените зимски месеци…
Познато е по неговото благотворно дејство на срцето, крвните садови, црниот дроб и целиот дигестивен систем како природен лек кој штити од рак.
Ѓумбир
Ѓумбирот е зачин чии лековити ефекти се препознаени од официјалната медицина.
Активната состојка во коренот на ѓумбирот е џинџеролот, кој му го дава карактеристичниот зачинет вкус.
Се верува дека ѓумбирот има аналгетски, антиинфламаторни и антиоксидантни својства и има силно антибактериско дејство.
Одличен лек е против мачнини, запек, надуеност, настинка.
Секое залче ѓумбир содржи витамини и минерали како што се железо, витамин Ц, калиум, магнезиум и цинк.
Рецепт за домашен тоник за поздрав црн дроб
Состојки:
1 големо цвекло или 2 мали, исечени
2 големи моркови
1 големо јаболко, исечено на коцки
половина лимон (излупен)
парче ѓумбир од 2,5 цм.
Сите состојки ставете ги во блендер и направете сок.
Пијте веднаш, во мали голтки.
Овој домашен сок пијте го неколку пати неделно во текот на две недели.
Лековитиот напиток во комбинација со ѓумбир е богат со фитонутриенти кои го стимулираат варењето и го штитат црниот дроб од оксидативно оштетување.
На овој начин црниот дроб се штити од болести како што се фиброза и стеатоза (замастен црн дроб).