Здрави слатки бомбици без шеќер и брашно

Фото: Pexels
414

Рецептот вклучува само 6 состојки, а се прави за 15 минути.
Ви требаат рендани моркови, меки слатки урми, сечкани ореви, кокосови снегулки и зачини како мелен ѓумбир и цимет.

Енергетските бомбици се совршена идеја кога сакате да јадете нешто здраво, слатко – и во движење.

Многу лесно се подготвуваат дома од неколку едноставни состојки.

Најдобро од се е тоа што не треба термички да ги третирате.

Можете да ги направите од сирови состојки од растително потекло во добар блендер или сецко за зеленчук.

Денеска ви носиме рецепт за енергетски бомбици со вкус на колач од морков.

Тие вклучуваат рендани моркови, меки слатки урми, сечкани ореви, кокосови снегулки и зачини како мелен ѓумбир и цимет.

Состојки:
300 гр сечкани ореви
100 гр кокосови снегулки
60 гр рендани моркови
10 урми без семки
1 лажичка цимет во прав
½ лажичка ѓумбир во прав

Подготовка:
Изрендајте ги морковите и исцедете ја вишокот течност.
Измешајте ги урмите и оревите во блендер или во сецко за зеленчук.

Мешајте додека состојките не се соединат во леплива смеса.
Додадете кокосови снегулки, рендани моркови, цимет и ѓумбир во прав.

Мешајте додека не добиете еднолична смеса.
Добиената смеса обликувајте ја во топчиња и валкајте ги во кокосово брашно или нешто друго по ваша желба.
Ставете ги во сад и чувајте ги во фрижидер.