Полни со антиоксиданти, одлични за висок притисок, холестерол и цревни заболувања…

Фото: Pexels
206

Јадењето сезонска храна има многу придобивки, вклучително и подобар вкус и текстура, бидејќи плодовите се набрани во својата природна зрелост. Еве кои се првите пет најдобри есенски намирници

Јадете сезонски, е вообичаен совет што го добиваме во ординациите и нутриционистичките советувалишта со намера дополнително да го збогатиме нашето тело со нутритивно корисен состав на намирници кои растат во нашето поднебје.

Јадењето сезонска храна има многу придобивки, вклучително и подобар вкус и текстура, бидејќи плодовите се набрани во својата природна зрелост.

Каква храна да изберете наесен?

„На есен треба да се стави акцент на храната која природно созрева во тој период од годината, а јадењата треба да се базираат на зелка, кељ, праз, лиснати салати, тикви, семки од тиква и масло од тиква, печурки, грав, компир, сладок компир, житарки како просо, хељда и јачмен, јаболка, грозје, костени, ореви“, објаснува Зринка Шмуљиќ, диететичарка и нутриционистка од нутриционистичкото советувалиште за исхрана на Службата за исхрана и диететика на КБЦ Загреб.

Тиква

Оваа есенска намирница е одличен избор за различни јадења.

Тиквата е меѓу најголемите извори на каротеноиди алфа-каротен и бета-каротен, витамин Ц, соединенија на провитамин А кои можат да се претворат во активна форма на овој витамин. Каротеноидите се исто така силни антиоксиданти и заштитници од воспаленија.

Меѓу зеленчукот, тиквата е еден од најконцентрираните извори на алфа-линоленска киселина (АЛА) и омега-3 масни киселини, кои се добри за срцето и крвните садови.

Тиквата е нискокалорична, па затоа е идеална за слабеење и одржување на посакуваната телесна маса.

Одлична е за сите кои страдаат од стомачни и цревни заболувања.

Помага при запек и воспаление на дебелото црево, при артритис и гихт.

Го регулира холестеролот, проблематичната кожа, помага за здравјето на очите, уринарниот систем и простатата.

Од оваа есенска суперхрана навистина можете да направите најразлични јадења, а супата од тиква дефинитивно е меѓу најпознатите.

Фото: Pexels

Семки од тиква

Месото не е единственото нешто што му помага на нашето здравје кога е во прашање оваа популарна есенска храна.

Околу 30 грама семки од тиква обезбедуваат дури 25 проценти од дневната препорачана количина на цинк. Семињата се исто така добар извор на железо, влакна и омега-3 масни киселини кои го поддржуваат здравјето на цревата и срцето.

Тие можат да послужат како одлична алтернатива за ужинка или грицки.

Лесно потпечете ги на оган со разни зачини, додајте ги во домашната гранола или употребете ги како додаток во салата.

Јаболка

Уште една одлична разноврсна сезонска храна која можете да ја јадете како здрава ужина, да ја додадете во разни јадења и салати, да ја засладите со путер од кикиритки или да направите од неа јаболков оцет.

Околу 85 проценти од јаболкото е вода, а остатокот се влакна, шеќер, каротин, витамини, скроб, корисни микроелементи, пектин.

Јаболкото е корисно овошје за здравјето, има лековито дејство за анемија, го нормализира холестеролот, значително ја намалува атеросклерозата, го нормализира варењето, ги отстранува штетните материи, го зајакнува имунолошкиот систем, го подобрува нервниот систем и активноста на мозокот, штити од рак, придонесува за спречување на болести на жолчното кесе, камчиња, запек и настинки.

Калинка

Докажано е дека калинката спречува и природно лекува речиси сè, од воспаление и висок холестерол до висок крвен притисок.

Калинката содржи полифеноли и други соединенија за кои со студии е докажано дека имаат антипролиферативно и антиинфламаторно дејство кај простатата, белите дробови, дојката и други видови на рак.

Семките од калинка се одличен извор на неколку хранливи материи, вклучувајќи ги витамините Ц и К, фолатите и калиумот.

Покрај тоа, тие се исто така нискокалорични, но богати со влакна здрави за срцето.

Во многу култури, калинката е поврзана со плодност и изобилство поради нејзините бројни семчиња.

Сокот од калинка, објаснува оваа студија, го зголемил протокот на крв и еректилниот одговор на животинските модели, додека уште се потребни човечки студии, се верува дека ова есенско овошје им помага на мажите со еректилна дисфункција.

Прокељ

Овој зеленчук кое изгледа како главички од зелка, но во значително помала големина.

Содржат природно растително соединение сулфорафан, кое има невропротективно и антиканцерогено дејство врз здравјето.

Прокељот содржи малку калории и многу влакна, витамини и минерали, што го прави одличен избор за многу метаболички состојби.

Околу 80 грама од овој зеленчук кога се готви содржи само 28 kcal, 5,5 грама јаглени хидрати, два грама влакна и 91 отсто од дневната вредност (ДВ) на витамин К, 53 отсто ДВ витамин Ц и 12 отсто ДВ на фолна киселина.

Покрај споменатите хранливи состојки, овој зеленчук содржи мали количини на витамин Б6, калиум, железо, тиамин, магнезиум и фосфор.

Како и другите видови намирници, прокељот можете да го користите на разни начини како зачинети и печени со пекан ореви, зготвени со компири.