Кавијар – „традиционален“ појадок во скопско Тафталиџе

213

Да, да, сите ние сме израснале на кавијар. Ама на оној македонскиот-ајварот. А текстот е баш за кавијар, вистинскиот, поточно, оној кој се продава по нашите маркети, ама и за српскиот (кладовски) кавијар кој се јадел и на бродот Титаник

Прво, да, се шегуваме дека кавијарот е традиционален појадок во Тафталиџе или каде било во Македонија, ама точно е дека во нашата поранешна заедничка држава (Југославија), поточно, во српско Кладово, се произведувал кавијар.

Имено, Србија е една од земјите во Европа која има долга традиција на производство на рибни производи, особено кавијар, од кои најпознат е оној од Кладово, кој многу долго се служел на европските дворови.
Тајната на конзервирањето кавијар пристигнала во Кладово со руската емиграција по Октомвриската револуција. Тие донеле рецепт што бил прифатен од локалните рибари, а риболовната фарма „Ѓердап“ подоцна продолжила да го негува во производството на кавијар.

Потоа приказната за него станала навистина голема и позната, особено во САД, каде на крајот на минатиот век, се извезувал милион и пол тони кавијар, а лименки од 160 грама во луксузна амбалажа се продавале по 500 долари.

Се зборува и дека овој кавијар бил на менито на бродот „Титаник“.

Во средината на осумдесеттите години на 20 век, по изградбата и пуштањето во употреба на хидроцентралата „Ѓердап II“ кај Прахово, моруните и есетрата од Црното Море повеќе не можеле да стигнат до своите повеќедецениски мрестилишта што на почетокот не му се заканувало многу на самиот кавијар.

Но, прекумерниот риболов на овие видови довело до намалување на нивниот број, поради што, меѓу другото, производството на кавијар во Кладово престанало кон крајот на минатиот и почетокот на овој век.

Што е всушност кавијарот?

Сите женски риби несат јајца за да се размножуваат; затоа сите имаат икра.

Сепак, не е секоја икра погодна за човечка исхрана, а само икрата од есетра се смета за кавијар. Есетрата е морска риба што значи дека се движи од солена во слатка вода за да се мрести.

Други популарни видови на рибна икра како на пример од лосос, пастрмка и други риби се многу популарни, но сепак, не се сметаат за кавијар. Некои видови рибна икра имаат слични карактеристики на вкус и текстура како кавијарот и може да се користат како замена.

Здравствени придобивки

Кавијарот од харинга е уникатен вид кавијар од икрата на рибата харинга, кој потекнува од златна риба харинга.

Овој кавијар има мали, блескави црни јајца со нежна текстура и е богат со омега 3 масни киселини, кои се многу корисни за здравјето.

Специјалниот липиден состав и високата содржина на фосфолипиди, како и Омега-3 го прават маслото од кавијар од харинга врвна состојка која може да обезбеди здравствени придобивки во текот на животот.

Одлична биорасположивост

Омега-3 масните киселини од фосфолипидите во маслото од кавијар од харинга се лесно биодостапни и се инкорпорирани во клеточните мембрани поефикасно од традиционалните омега-3 рибини масла.

Затоа, маслото од кавијар од харинга е ефикасен извор на хранливи материи за зајакнување и одржување на здрав омега-3 индекс во текот на животот.

Извор на холин

Фосфолипидите во маслото од кавијар од харинга ја содржат есенцијалната хранлива материја холин.

Холинот е важна компонента на клеточните мембрани и е претходник на невротрансмитерот ацетилхолин. Холинот е исто така важен за метаболизмот на липидите и за одржување на здравјето на црниот дроб.

Идеја за појадок

Епа ако ви падне во раце некоја конзерва кавијар, еве супер идеја за здрав појадок:

Потпечено лепче, путер, филети лосос и кавијар.

Секако, има поевтини варијанти како на пример оној од икра од пастрмка кој потсетува на кавијарот добиен од лосос, по бојата и по вкусот.

Или, одете во рибарница, земете икри од пастрмка или од крап и направете си друг деликатес – чорба или плескавици од икра.