Брзо, здраво, со карфиол

Фото: Pexels
99

Ако не ви се јаде сиров и ако не го сакате многу вкусот на карфиол сам за себе, направете го збогатен со едноставен и вкусен прелив

Карфиолот се јаде и сиров па не е баш јасно зошто многумина прво го варат, па го печат.

Ние го ставаме директно во рерна, колку да омекне ако веќе не ни се јаде сиров и со прелив ако баш не ни се јаде само карфиол.

Сепак, се прави многу брзо и е уште повкусно.

Состојки:

1 карфиол

3 јајца

1 павлака

кашкавал по вкус

сол, црн пипер, маслиново масло

Приготвување:

Разделете го карфиолот на цветови и попрскајте го со маслиново масло и сол и ставете го во тепсија во загреана рерна.

По десетина минути промешајте го карфиолот и кога малку ќе омекне прелијте го со мешавината од јајца и павлака, одозгора ставете кашкавал и вратете го во рерна уште на десетина минути.