Овие намирници можат да ви помогнат во борбата со ракот

Фото: Pexels
323

Постојат намирници кои содржат бројни витамини и минерали кои можат да го зајакнат телото и да го намалат ризикот од развој на оваа болест.


Различни видови тумори можат успешно да се лекуваат доколку се откријат на самиот почеток. Затоа е многу важно да посетите лекар кога ќе ги забележите првите симптоми, а важни се и редовните лекарски прегледи, како и самопрегледите.

Постојат намирници кои содржат бројни витамини и минерали кои можат да го зајакнат телото и да го намалат ризикот од развој на оваа болест.

Овие намирници можете лесно да ги најдете, а тие можат да ве заштитат од натамошен развој на ракот, но исто така и да бидат одлична превенција:

Авокадо

    Тајното оружје на авокадото е глутатионот, еден од најсилните антиоксиданти кој го зајакнува имунолошкиот систем и се бори против штетните слободни радикали во нашето тело. Се споменува кога станува збор за превенција од рак и поради олеинската киселина што ја содржи.

    Брокула

      Докажано е дека сулфорафанот, супстанца која се наоѓа во брокулата и ја стимулира синтезата
      протеините кои ги штитат клетките и ги чуваат од рак, се пренесува од дигестивниот
      систем во остатокот од телото директно преку т.н добри бактерии.

      Кога сме здрави и нашите тела функционираат со оптимален капацитет, организмот може да апсорбира најголем дел од сулфорафанот, со што се остваруваат сите нејзини антиканцерогени придобивки.

      Морков

        Одличен е во борбата против ракот на дојката, мочниот меур, белите дробови, јазикот, желудникот и простатата. Морковите се одличен извор на бета каротен, растителни влакна, витамин К, калиум и антиоксиданти. Нуди голем број здравствени придобивки, а каротенските антиоксиданти се поврзуваат со намалување на ризикот за добивање рак.

        Чили и јалапено пиперчиња

          Лекарите тврдат дека овие видови пиперчиња прават чуда во борбата против ракот. Иако веројатно мислите дека вашето тело гори кога ќе изедете само едно, тие се многу здрави.

          Тие содржат капсаицин кој им дава не само лутина, туку и посебни лековити својства поради кои можеме да ги класифицираме меѓу најздравите намирници во светот. Капсаицинот делува како вистински „убиец“ на клетките на ракот. 

          Карфиол, кељ, прокељ и зелка

            Оваа армија од зеленчуци е исклучително корисна во борбата против некои видови на рак, особено против рак на простата. Тие исто така го спречуваат ширењето на ракот ако веќе го имате.

            Зеленчукот е моќен начин за спречување на ракот, бидејќи е полн со антиоксиданти кои играат важна улога во здравјето на имунолошкиот систем, вклучително и помагање во заштитата од хронично воспаление кое може да доведе до одредени видови на рак и други болести.