По рецептот на баба: Пецива со јаболка и цимет

Фото: Pexels
56

Земете урда, јаболки и за 10 минути направете го овој заборавен рецепт од 60-тите!


Состојки:
За тестото:

200 гр урда
1 јајце
прстофат сол
2 лажици шеќер
50 мл растително масло или путер
10 гр ванилин шеќер
200 гр брашно
1 лажиче прашок за пециво

За полнењето:

500 гр јаболки, исечени на коцки
1 лажица путер
Цимет по вкус
1 лажица пченкарен скроб (нишесте)

За премачкување:

20 гр путер
2 лажици шеќер
Цимет по вкус

Приготвување:

Измешајте ги состојките за тестото додека не се изедначат, а потоа додадете брашно и прашок за пециво.
Згответе ги јаболката со путер, цимет и нишесте.
Расукајте го тестото, додајте фил и преклопете.
Се пече на 170°C 15-20 минути.
Додека се топли премачкајте ги со стопен путер, шеќер и цимет.