Како да излупите варени компири за пет секунди? (ВИДЕО)

Фото: Pixabay
265

Без разлика дали правите пире, варени компири, кнедли или њоки, нема причина да ги лупите компирите еден по еден и потоа да ги ставате да се варат. Има многу полесен и побрз начин.

Сите знаеме дека е добро компирите да се варат со лушпа, но обично, само затоа што ни е потешко да ги излупиме кога се сварени, го правиме ова пред да ги ставиме да се варат.

Но тик-токерката Никол Жак покажа како може да се излупи компирот на многу едноставен начин за само пет секунди.
Доколку планирате да сварите поголема количина компири, не ги лупете претходно, туку само со нож засечете ги на средина, во круг и ставете ги да се варат. (Погледнете го видеото подолу).
Инаку, таа вели дека ги вари компирите околу половина час, а кога ќе ги исцеди, го фаќа секој компир од двете страни и само ја вади кората.

Вака кората ќе се лизне за неколку секунди и ќе ви заштеди многу време, но внимавајте да не се изгорите. Оставете ги претходно малку да се изладат.

@itsnicolejaques

Did you know this one? SAVE IT RIGHT NOW to use during holiday meal prep time. 🤯 #thanksgiving #potato #peelinghack #holidaymeal

♬ original sound – Nicole Jaques