Миризлив и сочен овошен колач што се топи во уста

Фото: Freepik
35

Иако се достапни во текот на целата година, крушите се сепак најсочни во сезона. А ова вкусно овошје станува уште повкусно кога ќе се додаде во десерт

Есенските десерти пленат со својата посебна арома и мирис, а освен од јаболка, највкусните десерти се подготвуваат од круши.
Овој десерт бара малку повеќе труд, бидејќи прво се подготвува тестото, па потоа филот, но дефинитивно ќе се исплати по првиот залак.
Вклучете ја рерната и пoчнете чекор по чекор.

Потребни состојки:
За тестото:
250 грама брашно
60 грама шеќер
170 грама путер на собна температура
1 лажичка сол
брашно за посипување

За филот:
5 зрели круши
1 жолчка
1 лажица сок од лимон
40 грама ванилин шеќер
100 мл слатка павлака

За премачкување:

1 белка

Подготовка:
За тестото:

Исечете 150 гр путер на мали коцки. Во голема чинија истурете ги брашното, солта и шеќерот. Додадете го путерот и измешајте со лажица додека не добиете пенесто и хомогено тесто.

Додадете 5 лажици ладна вода и измешајте.

Набрашнете ја масата, истурете ја содржината од садот и месете додека не добиете меко, но цврсто тесто.

Формирајте топка, поделете ја на два дела, едниот малку поголем од другиот и завиткајте ги во фолија.

Оставете ги 30 минути во фрижидер.

Тркалезниот калап од 24 см со ниски рабови премачкајте го со остатокот од путерот.

За филот:
Излупете ги крушите, извадете ги семките и исечете ги на коцки.

Во сад ставете ги жолчката, павлаката, ванилиниот шеќер и сокот од лимон и матете додека не добиете еднолична смеса. Додадете ги коцките круши и добро измешајте.

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Работната маса набрашнете ја и со сукало развлечете го поголемиот дел од тестото. Распоредете го на дното и страните на подмачканиот калап, притиснете со прстите, а вишокот тесто отстранете го.

Смесата со круши истурете ја во калапот обложен со тесто и нежно распоредете ја со помош на шпатула.

Вториот дел од тестото развлечете го и ставете го врз филот, а со врвовите на вилушка притиснете ги рабовите од вториот дел од тестото за добро да се покрие филот.

Намачкајте ја горната површина со изматена белка од јајце. Со врвот на ножот лесно засечете го тестото и печете на 180 степени 35 до 40 минути, додека површината не порумени.

Извадете го колачот од рерна и оставете го да се олади пред послужување.