Намаз од маслинки

Фото: Freepik
47

Доколку сакате едноставен и здрав намаз, а се уште не сте го пробале овој, ќе се изненадите колку лесно се прави, но и колку е вкусен. Секако, можете да го направите и со црни и со зелени маслинки. Изборот е ваш.

Ако сакате маслинки, нема шанси да не го засакате и намазот од маслинки. Можете да ги измешате маслинките со различни состојки, а можете да го направите намазот и на наједноставен начин, со само 3-4 состојки.

На пример, 1 шолја црни маслинки без семки, маслиново масло, сок од лимон и свеж копар. Измешајте се во блендер и мачкајте.

Испробана ни е и варијантата со 200 г потпечено сончогледово семе, 200 г маслинки, 2-3 чешниња лук, сок од пола лимон, оригано, магдонос и црн пипер.

Направете намаз по свој рецепт со состојки и зачини кои ви се вам омилени. Маслинките одат добро со сè.
Доколку сакате попрецизен рецепт тогаш подгответе:

200 гр маслинки без семки
2-3 лажици маслиново масло
1 чешне лук
Сок од половина лимон
Лажица капери (по избор)
малку суво оригано
Сол и бибер по вкус

Подготовка:

Во блендер ставете ги сите состојки и блендирајте додека не добиете мазна смеса.

Доколку е потребно, додадете повеќе маслиново масло за да ја постигнете саканата текстура. На крај посолете и побиберете по вкус. Префрлете ги во сад и послужете со леб, крекери или зеленчук.