Мед без млеко, од денес до недела на скопскиот плоштад

Фото: Unsplash
38

Од македонската федерација на пчелари ги повикуваат граѓаните да дојдат на плоштадот Македонија на саемот за мед и пчелни производи од денес (8.11) до недела (10.11) и да дегустираат вистински мед, за да знаат како да препознаат лажен

Шестиот по ред Пчеларски саем на Македонија, ќе се отвори денеска (8-ми ноември) на плоштадот Македонија, а ќе трае до недела (10-ти ноември).

Организатор на саемот е Пчеларската федерација на Македонија, главен покровител е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а домаќин е градот Скопје.

Пчелари од целата држава на саемот ќе им понудат на посетителите мед, пчелни производи, како и пчеларска опрема.

Тие ги повикуваат граѓаните да дојдат на плоштадот Македонија и да дегустираат природен, вистински мед, за да знаат како да препознаат лажен, фалсификуван производ.