Зачувајте најмногу хранливи материи и свежина – еве го најдобриот начин за чување на ѓумбирот

Фото: Unsplash
91

Коренот од ѓумбир отсекогаш се користел за лекување на инфекции на респираторниот систем бидејќи има антиинфламаторно дејство

Со цел да се зачуваат најголем број хранливи материи и свежината на свежиот ѓумбир најдобро е да се чува во фрижидер до три недели доколку е излупен.

Доколку се чува нелупен во замрзнувач, ќе ја задржи свежината неколку месеци.

Најдобро е да го додадете во јадењето на крајот од готвењето, а ѓумбирот може да се користи за зачинување дури и кога е јадењето готово.

Користете го како зачин за зеленчук, јадења со пилешко и риба, измешајте ѓумбир, маслиново масло и лук во прелив за салата, украсете го рижотото со рендан свеж ѓумбир, за лимонада измешајте свежо рендан ѓумбир, сок од лимон, мед и вода…

Свежиот ѓумбир е незаменлив во азиската и ориенталната кујна, а сè попопуларен е и во западната кујна. Во својата сушена форма, ѓумбирот бил донесен на Медитеранот во времето на стара Грција и бил еден од најважните зачини во средновековна Европа.

Неговата популарност е живо илустрирано со фактот дека во тоа време редовно се служел на трпезите, заедно со сол и бибер. Познатите колачиња од ѓумбир потекнуваат од средниот век, а ароматизираното пиво од ѓумбир (ginger ale), од 19 век, кога англиските таверни ја вовеле традицијата на посипување на пивото со ѓумбир во прав.
Сувиот ѓумбир во прав нема вкус на свеж ѓумбир, но задржува многу од неговите својства.

Сувиот ѓумбир најдобро се чува ако го чувате во затворен стаклен сад на суво, ладно и темно место. Додадете го во јадењата на почетокот на готвењето, за да се загрее и да се готви доволно долго за да ги ослободи хранливите состојки. Внимавајте на количината. Многу малку сув ѓумбир е доволен за лут вкус.