Подобро вода со бигор отколку со пластика!

Фото: Pexels
54

Според студија објавена во магазинот Environmental Science & Technology, со едноставно провривање на водата од чешма и нејзино филтрирање низ обичен филтер за кафе, може да се отстранат речиси 90% од присутните честички микропластика.


Микропластиката се чини дека е насекаде, во водата, почвата и воздухот.

Иако се вложуваат различни напори за да се ослободиме од овие ситни честички пластика, според студијата објавена во списанието Environmental Science & Technology, питката вода од чешма може да се прочисти со правење филтер кафе или чај. Поточно, со едноставно зовривање на водата од чешма и нејзино филтрирање преку обичен филтер за кафе, може да се отстранат речиси 90% од присутните микропластични честички.

Истражувањата за влијанието на микропластиката врз човечкото тело се уште не се дефинитивни, односно секојдневно се прават нови истражувања и се собираат податоци, но досегашните сознанија покажуваат дека таа може негативно да влијае на микробиомот на цревата, а со тоа и на имунитетот и здравјето воопшто.

Постојат напредни системи за филтрирање на водата за пиење кои можат да го намалат количеството на микропластика, но кинеските научници Џанџун Ли и Еди Зенг ги интересирало дали постои поевтин начин, кој е попристапен за поголем број луѓе.

Овие двајца научници одлучиле да ја подложат водата од чешма, и мека и тврда, на експеримент на вриење и дополнително филтрирање.

Водата со повеќе бигор е посоодветна за овој вид на прочистување

Научниците зеле примероци од тврда и мека вода од чешмите во градот Гуангжу, Кина и им додале различни количества микропластични честички. Примероците ги вареле пет минути и ги оставиле да се изладат. Потоа го измериле составот на водата и дошле до важни сознанија.

Со вриењето на тврдата вода, која е богата со минерали, природно ќе се создаде бигор или калциум карбонат (CaCO3). Како што се зголемувала температурата на тврдата вода, калциум карбонатот формирал кристални структури кои ги „заробиле“ микропластичните честички.

Потоа сфатиле дека со едноставно филтрирање на водата низ обичен филтер за кафе, микропластиката заедно со бигорот останува на филтерот. Тие, исто така, тестирале и вода која имала малку бигор, значи, мека вода.

По повторното тестирање на водата, забележале дека во тврдата вода оваа постапка успеала да отстрани дури 90% од микропластичните честички, додека од меката вода, која нема голем процент на калциум карбонат, биле отстранети 25% од микропластичните честички.

Со ова, кинеските научници докажаа дека токму калциум карбонатот на температура на вриење на водата ја врзува микропластиката за себе.

Значи, ако досега се жалевте на бигор во водата, немојте повеќе да го правите тоа.