Појадок што го храни желудникот, ама и мозокот! Чиа семе и брокула за подобра меморија

Фото: Unsplash
149

Со возраста, концентрацијата и меморијата се влошуваат, но може да се зачуваат, меѓу другото, и со правилна исхрана.

Во подоцнежните години од животот се појавува послаба концентрација и помнење, но на овие состојби може да се влијае на неколку начини, а еден од најдобрите е преку исхраната.

Одредени намирници, кои веројатно ги јадете секој ден, можат да помогнат во одржување на поздрава когнитивна функција.

Неврологот Патриција Гранек за „She Finds“ издвои две одлични намирници кои можете да ги додадете во јајцата, особено по 50-тата година, за да ја намалите маглата во мозокот и да ја изострите меморијата.

Чиа семе
Чиа семето е богато со омега-3 масни киселини, особено со алфа-линоленска киселина (АЛА).

Д-р Гранек ја нагласила важноста на омега-3 за здравјето на мозокот, особено во подоцнежните години од животот.

„Омега-3 масните киселини придонесуваат за одржување на нормалната функција на мозокот, а студиите укажуваат на врска помеѓу нивоата на омега-3 и подобрената меморија и когнитивните перформанси кај постарите возрасни лица“, тврди таа.

Додавањето на чиа во вашата исхрана може да биде добар извор на есенцијални масни киселини, потенцијално помагајќи да се зачуваат когнитивните способности и да се подобри меморијата.

Брокула

Овој зелен зеленчук е богат со широк спектар на есенцијални хранливи материи, вклучувајќи антиоксиданти и витамин К.

Истражувањата покажале дека антиоксидантите го намалуваат оксидативниот стрес, кој е поврзан со когнитивниот пад кој доаѓа со возраста. Витаминот К е клучен за поддршка на здравјето на мозокот и когнитивната функција.

Како да ги додадете во јајцата

Направете кајгана или поширани јајца со брокула и чиа семе. Исечкајте малку брокула и пропржете ја во тава додека не омекне. Во еден сад изматете 2-3 јајца и додадете 1-2 лажици чиа семе. Со смесата со јајцата прелијте ја брокулата и пржете со нежно мешање додека јајцата не се испржат. Додадете сол за дополнителен вкус.